17.8 C
Скопје
12:05 - 20 октомври, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ ПРЕДУПРЕДУВА: Прв посериозен мраз, грч студено време – прочитајте точно кога!

– До крајот на денов врнежите насекаде ќе престанат и облачноста ќе се намали. Ќе дува засилен ветер од северен и од северозападен правец, најизразен Долж Повардарието. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 0 до 9 степени во најтоплите предели.

Потоа утре и во четврток ќе имаме стабилно и суво време. Односно времето ќе биде сончево со умерена локална облачност.

Според Попоски, токму поради разведрувањето, наутро ќе биде МНОГУ СТУДЕНО и минималните температури насекаде ќе бидат НЕГАТИВНИ и ќе се спуштаат во интервалот од -10 до -2 степени, а на планинските места истите ќе се спуштат дури и под -10 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 13 степени.

Во Скопскиот регион, утре и во четврток времето ќе биде стабилно и суво, додека минималните температури ќе бидат значително пониски и ќе се спуштаат до околу -5 степени. Локално не се исклучува можноста истите да се спуштат и под -5 степени. Максималните ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 7 и 10 степени.

– Нов влажен бран кој ќе услови нови врнежи од дожд и снег на планините, како што најавивме се очекува во петок, како и за време на викендот, објаснува Попоски и напоменува:

НАПОМЕНА: Со оглед на тоа дека вечерва и во текот на претстојната ноќ, но и во четврток наутро се очекува ОСОБЕНО СТУДЕНО ВРЕМЕ, ве советуваме ЗАДОЛЖИТЕЛНО со вас да си понесете и ТОПЛА облека. Токму овој студен бран од север ќе го донесе и првиот посериозен мраз за оваа сезона.

Слични објави

Крај на едно пријателство — Деси Слава ги прекина сите врски со Азис откако тој ја откажа соработката за нејзиниот концерт

E.A.

(Фото) „Мил мој, те сакам“: Ана Ивановиќ објави емотивна порака, нема поголема љубов од оваа

Еспресо

Како треба да вежбате на 20, 30, 40 и по 60 години? Фитнес-експерт открива што му е потребно на телото во секоја возраст

К.С.

(Фото) Синот на Лозано наполни две години — малиот Марко славеше со торта со мотори и Спајдермен

К.С.

Хороскоп за 20 октомври: Бикови, ве очекуваат куп обврски и одговорности

Еспресо

(Фото) Уна Чолиќ не штеди на накит – носи златно ланче од 3.300 евра

Еспресо
Се вчитува....