10.8 C
Скопје
04:10 - 29 октомври, 2026

(РЕЦЕПТ) МАРТИНА НИ НАПРАВИ ПОСНИ МАФИНИ СО АЈВАР: Совршена ужинка за денес, или појадок за утре!

Мартина Трајаноска

Нашиот тим започна соработка со една посебна, прекрасна мајсторка во кујна – Мартина Трајаноска.

Шармантната Мартина стои зад превкусните рецепти пласирани на инстаграм-профилот (martinascooking).

(РЕЦЕПТ) МАРТИНА НИ НАПРАВИ ТОРТИЉИ СО ПИЛЕШКО СО МОРКОВИ: Интересен и вкусен предлог за ручек

Готви од мали нозе, а со текот на годините и искуството научила дека најважна состојка во секое јадење е – љубовта.

Денес Мартина ни направи посни мафини со ајва – одлични за ужинка или појадок. „Јас сум гооолем љубител на ајварче и го сакам на секој начин, па овие мафинки ептен ми се погодија“, ни вели Мартина.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by martinascooking (@martinascookingg)

Потребни состојки:

  • 1 шолја пченкарно брашно
  • 1-1ипол шолја бело брашно
  • 1ипол шолја кисела вода
  • 1/2 шолја масло
  • 1 лажичка сода
  • 2 лажици ајвар

(РЕЦЕПТ) МАРТИНА НИ НАПРАВИ ПЕЧЕНО ПИЛЕШКО СО ПЕЧУРКИ И КАШКАВАЛ: Само го ставате во рерна и готово е!

Подготовка:

За смесата за мафините само измешајте ги сите состојки. Наместо сода може да ставите пециво, јас немав па и со сода излегоа супер. Полнете по 2 лажици од смесата во корпици во плехче за мафини. Јас одозгора ставив семки, вие и не мора, по ваш избор.  Печете ги во загреана рерна на 180 С околу 15/20 минути. Дури се топли може да се како меки, затоа оставете ги целосно да се изладат, па послужете. Наместо пченкарно и бело мешано, можете само со бело или мешано со интегрално.

На здравје!

Слични објави

„Брзо ја преболе смртта на Саша!“: Сузана Јовановиќ ја поврзуваат со пејач, ѝ местат афера

Еспресо

„Пинкови ѕвезди“ се целосно промашување“: Александра Радовиќ остро го критикуваше шоуто, но и оние што се нарекуваат ментори

Еспресо

(Фото) Нина Бадриќ заводливo позира во базен и одбројува до летото: „Остануваат само 237 дена…“

Еспресо

(ВИДЕО) Едина Муса изненади со промена на изгледот — се збогува со долгата коса и покажа нова фризура

К.С.

Ќерката на Сара Мејс тргна по стапките на мајка ѝ: Илина вежба харфа наместо да гледа во телефон

Еспресо

(Фото) Ги покажа своите извајани мускули – Раста се соблече по неверојатната трансформација

Еспресо
Се вчитува....