7.8 C
Скопје
6 декември, 2021

(ФОТО) ЖИВОТИНСКИОТ РАЈ НА НИКОЛА БОГДАНОВСКИ: Својата љубов кон животните ја пренесе и на малото братче

Љубов кон животните пренесена од дедо, од мали нозе младиот Никола Богдановски живее на своја фарма со разни животни за кои се грижи. Неговиот животински свет е сместен во скопското село Кадино и покрај редовната работа која ја има тој одлучил да работи и живинарство и сточарство.

– Од мал се занимавам со ова, прво почнав со живинарство, чувавме кози, па земав и свињи. Чувам и други животни. Така почнав, па се надевам дека ќе продолжам поматаму да се развивам. Ова го имам наследен од дедо ми, тие порано чуваа крави, но ги продадоа немаше кој да ги чува. Љубовта кон животните е голема, кога ќе те видат животните се радуваат, едноставно желбата е голема – вели Никола.

Работа има, од утро па до пладне, но Никола вели дека ако се има желба се постигнува сè.

– Кога не сум на работа, почнувам од рано утро да ги нахранам, вода да им сменам, потоа каде е за чистење да исчистам, некое животно ако е настинато да се излечи. Ако можам ги лечам сам животните, но и ги викам ветеринарите кога има потреба. Имам завршено средно ветеринарно училиште и имам нешто научено од таму за грижата кон животните. ги знам болестите кои се јавуваат кај нив и кој лек треба да им го дадам – ни објаснува Никола.

Во неговата мала живинарска фарма можат да се сретнат најразлични животни.

– Во фармава имам од сè по нешто, гуски, шатки, мисирки, кокошки, украсни кокошки, кози, теленца, свињи, виетнамско прасе, зајаци…

Неговите најблиски целосно го поддржуваат, и исто така и му помагаат за да ја оствари неговата цел.

Но, Никола не застанува тука, својата љубов кон животните сака да ја пренесе на своето мало братче Богдан, кој со радост се грижи за животните.

– Сите врсници ми велат, зошто да чувам стока, што ти треба таа работа, но јас сум се одлучил за тоа и ќе си ја терам. Се надевам дека со оваа работа ќе успеам што повеќе во животот. Го учам и моето братче да се грижи за животните, да се занимава со живинарство и сточарство затоа што според мене тоа е добра и чесна работа. Ми помагаат и другите членови од семејството, кој колку и кога може – ни раскажува Никола.

Никола не се срами од она што го работи. Иако млад тој е сигурен во својата определба.

– Има време за сè, но обврските кон животните се многу големи. Треба да стигнеш сите да ги нахраниш, да ги средиш, да исчистиш. И тие се живи суштества.

Никола има многу убаво мото ,, работи чесно и спиј лесно“. Млад човек со мудри зборови кој го живее својот живот.

Ваквите примери се показател дека младите можат да го променат светот, да дадат поинаква насока во секојдневието, да се потрудат да направат нешто поинакво од останатите, но сепак да не заборават кои се и од каде се.

*

Овие написи може да ги следите и во групата … ДВОРЧЕТО …, група во која има едно чудо разноразни убавини, и која ви ја препорачуваме да ја посетите и да си станете нејзин член!

УЖИВАЈТЕ ВО ФОТОГАЛЕРИЈАТА.

ФОТО – ПРИВАТНА АРХИВА

Слични објави

(ФОТО) ЛОКУМЧЕ: Моника Белучи блеска од насловната страница на „Sunday Times Style“

Еспресо

ПИЈАН ЧОВЕК МУ ИЗВАДИЛ ПИШТОЛ НА ХАРИС ЏИНОВИЌ: Инцидент кој го обележал животот на пејачот

Еспресо

НАЈГОЛЕМИТЕ ЛАЖГОВЦИ ВО ХОРОСКОПОТ: Бели лаги или сериозен проблем со кажување на вистината?

М.Р.

(РЕЦЕПТ) ОМИЛЕНОТО ЈАДЕЊЕ НА ВОЛТ ДИЗНИ: Семеен рецепт за чили кој потекнува од 1958 година

Еспресо

(ФОТО) ТРЕТО ПА МАШКО: Актерот Кирил Трајковски – Максим по третпат стана татко

М.Р.

(РЕЦЕПТ) ГОТВИМЕ СО ТЕА: Магичен солен ролат во форма на елка

И. Т.
Се вчитува....