7.8 C
Скопје
23:49 - 26 април, 2024

(ФОТО) МЕРАКЛИСКИ КАЈ ЧИЧКО БУРХАН: На кафе варено на песок и лимонади од роза и нане – нова приказна во Старата Скопска чаршија

Кога ќе го споите духот на Старата скопска чаршија и мирисот на тазе сварено кафе, ќе се навратите во времето кога утринскиот муабет и првото кафе започнувале со отварањето на кепенците на дуќаните. Времето кога цутела чаршијата, кога се создавал еснафот, кога се правел пазарот. Време кое сè уште се нема повторено во чаршијата.

фото – приватна архива
фото – приватна архива

Шетајќи по калдрмата, патот нè одведе до местото каде започна една нова приказна, местото од каде мирисот на кафе ќе одмори. Кај Бурхан Асан, за пријателите чичко Бурхан кој уште рано наутро ќе ве послужи со кафе, но варено на песок. Тоа нè привлече, седнавме на разговор, а господин Бурхан ни ја раскажа неговата приказна, од почетокот.

– Работев во едно приватно средно училиште, поради пандемијата би рекол останав без работа, ми рекоа еден ден дека не сум потребен веќе. Ми падна многу тешко, работев 22 години. Но не ми требаше многу време да се соберам, за 3 дена се решив, нема да седам без работа, седнавме дома со сопругата и ќерка ми и се решивме. Го земав дуќанов и со идејата што ја имав пред многу години, почнав да правам турско кафе варено на песок, во бакарни ѓезвиња, со украсни филџани – вели господин Бурхан.

Кафето го послужува сервирано со локумче, во уникатни филџани. Вкусот и традицијата споени во едно.

– Секој може да свари кафе, но не е исто со кафето варено на песок. Татко ми работеше едно време во Југ Турист кај Бристол, до 1982 година, печеше кафе за сите хотели, исто така и мелеше кафе со огромни машини. Одев кај него како мал и како леблебии ги јадев зрнцата кафе, печени, убави и топли. Од тогаш го засакав ова, па и дома кога варам кафе со мерак и за мерак си го варам. Озбилно е вкусно кафето, со љубов го правам кафето, полека полека, на песок, но друг е вкусот – ни раскажува чичко Бурхан.

Просторот му е уреден како мала временска капсула, амбиент кој ќе ве врати во отоманскот период.

– Тоа и планирав, тоа и си го замислував од порано, да го направам по автентично, ориентално, малечко е, но пак успеав да го направам тоа што сакав. Голем дел од предметите се мои стари што сум ги чувал, од дедо и од прадедо.

Денот му започнува рано, а завршува доцна. Сака да подготви се за сите да бидат навремено угостени.

– Отварам во 8 часот и работам се до 22 часот. Другите дуќани отвараат подоцна, но јас сакам да си подготвам се на време. Правам и чај, тој треба барем половина час да си отстои. Мангалот каде што стои песокот за кафето треба полека да ми се загрее.

Неговата сопруга подготвува домашни колачи, десерти, салеп и оралети со посебни уникатни вкусеви. А Господин Бурхан приготвува и лимонади од роза и нане.

– Ова лето почнавме да правиме со сопругата и вода од роза, но не е концентрат, правена е на стариот начин, со латици од роза. Тоа е многу вкусно, како лимонада. Правам и лимонада со нане. Постарите веднаш се сеќаваат на вкусот на лимонада од роза или нане. Бабите порано ги правеа. Сега обавезно со кафето си бараат и лимонада – ни открива господин Асан.

Бурхан Асан пред една година и даде нова содржина на старата скопска чаршија. Таа приказна трае затоа што посетителите ја поздравија оваа приказна за кафето варено на песок.

*

Овие написи може да ги следите и во групата … ДВОРЧЕТО …, група во која има едно чудо разноразни убавини, и која ви ја препорачуваме да ја посетите и да си станете нејзин член!

УЖИВАЈТЕ ВО ФОТОГАЛЕРИЈАТА.

ФОТО – ПРИВАТНА АРХИВА

Слични објави

Кој е владиката Иларион кој го предводеше погребот Бојана Јанковиќ: Глумеше во популарна серија, па се замонаши

еспресо

(Видео) Драгана Мирковиќ со куфер во рака на аеродромот во Белград: Налета на Теја Дора која патува на Евровизија

Еспресо

Погребана Бојана Јанковиќ: Водителката испратена со песна, нејзиниот поранешен сопруг одржа трогателен говор

Еспресо

(Фото) Најновото огласување на Никола Роквиќ на патот кон Грција ги остави сите без текст: Не можете да замислите каква сума собрал!

Еспресо

Теа Таировиќ конечно вљубена до уши! Еве кој е згодниот дечко на атрактивната пејачка

Еспресо

(Видео) Обезбедувањето на раце ја изнесе Цеца од концертот: Боса едвај го задржа фустанот

Еспресо
Се вчитува....