28.7 C
Скопје
19:12 - 10 јули, 2026

(ФОТО) БРАВО ЗА ДАНИЕЛА КОЗАРЕВА: Симна цели 20 см обем во струкот, еве како ѝ успеа!

Нутриционистката Елена Мирческа е со нас за да се „стегнеме“ оваа есен.

Здравиот начин на исхрана е во мода, а добрите нутриционисти се сè побарани. Особено, ако здравиот диетен режим би можеле да го комбинираме со физичка активност. Нутриционистката и фитнес-инструкторка, Елена Мирческа, нѐ советува како да дојдеме во топ форма за време на есента. Зашто, не заборавајте, убавите тела кои ги гледаме секоја пролет и лето, се „вајаат“ токму во есен и во зима.

А, некои веќе успеаа во тоа! 

Таков е примерот со преубавата Даниела Козарева.

Даниела Козарева останала со вишок килограми после бременостите, меѓутоа никогаш не пробала да ги симне од проста причина што уживала во храната, или како што таа вели на смеа, – во ребра.

Меѓутоа кога дошол клучниот момент и решила дека сака да се посвети на себе и поради здравјето, но и поради изгледот, побарала совет од нутриционистаката Елена.

Нивната соработка била целосно „онлајн“. Кога програмата ѝ била дадена, таа толку многу ѝ се посветила, што како што вели и самата, ништо друго не ја интересирало и се мерела по три пати дневно.

За целот тоа време била и физички активна, првиот месец по 45 минути дневно вежбала на орбитрек, а потоа се приклучила и на „онлајн“ фитнес часови со Елена.

На почетокот почнала да вежба во полесна група, но со текот на времето како што се намалувале килограмите, така растела кондицијата, па после два месеци се префрлила во интензивна група, каде што и останала.

Даниела успеала да симне цели 20 сантиметри во обем на струкот, но и понатаму останала на програмата за да ги зацврсти новите навики од кои, како што вели, почувствувала бројни здравствени придобивки.

Даниела, пред и после, фото – приватна архива

Повеќе не ја болел грбот, желудникот и главата, кои предходно ѝ правеле многу проблеми!

После петтиот месец, Елена ѝ предложила да продолжи сама, затоа што верувала дека таа веќе е доволно обучена како понатаму, а и доволно е силна да не потклекне на старите навики.

Даниела сега кажува дека навиките и се длабоко втемелени во секојдневието и се чувствува прекрасно со новиот стил на живот. Вели дека сега си дозволува да касне и благо и пастрмајлија, но веќе не ужива во истите како порано!

Браво за Даниела Козарева!

 

Слични објави

(Фото) Братот на Новак Ѓоковиќ по 7 месеци се огласи од Шпанија: Цврсто ја прегрнал сопругата, па испрати порака што збуни многумина

Еспресо

Совршен подарок: Мали уметнички дела од восок – креации што го разубавуваат секој простор

Еспресо

(Фото) Емина Јаховиќ на одмор со синот Јавуз: Во костим за капење и без шминка ги воодушеви следбениците

Еспресо

(Фото) Маја Николиќ воодушевена од несекојдневна глетка на Халкидики: „Ова во животот не сум го видела“

Еспресо

Јелена Карлеуша откри низ каква криза финансиска поминувала и јавно му се заблагодари на Жељко Митровиќ: „Ми подаде рака кога ми беше најтешко“

Еспресо

„Многу ми е жал…“: Прво огласување на Мина Костиќ по пеколот низ кој помина и сместувањето во психијатриска клиника

Еспресо
Се вчитува....