28.8 C
Скопје
18:50 - 9 септември, 2026

(ФОТО+РЕЦЕПТ) ШЕФ БРАНКО ПОПОСКИ: Месецот на пастата го отвораме со лазањи со ракчиња и зеленчук

шеф бранко
На наше задоволство и чест, страничките на еспресо.мк ги разубавува и популарниот шеф Бранко Попоски, познат под псевдонимот „Готвиме со Бранко“ („Cooking with Branko“).
Овој врвен готвач, гастроном и љубител на кулинарството ни открива рецепт за подготовка на вкусна лазања.
„Инспириран од убавината на Сицилија, оваа вкусна лазања за мене е  апсолутен хит за отворање на националниот месец на пастата“, вели шеф Бранко.
Октомври е национален месец на пастата, а нашата дружба во овој месец ја започнуваме со морска лазања. Вкусот нема да ве остави рамнодушни. Pasta la Vista!
шеф бранко
Фото Приватна архива

Потребни состојки:

  • 300 гр чистени морски ракчиња
  • 2 свежи моркови
  • 1 главици кромид
  • 1 мало чешне лук
  • 150 гр свежи шампињони
  • 200 мл маслиново масло
  • 1.5 лажичка сол
  • 1 лажичка бибер
  • 1 лажичка оригано
  • 80 мл розе вино
  • 2 лажички сенф
  • 1 лимон (сок од лимон)
  • 500 гр свежи лазањи
  • 500 гр сок од домати

За бешамел сосот:

  • 100-130 гр путер
  • 250 мл млеко
  • 2 лажици бело брашно или пченкарно брашно
  • 1 лажичка сол
  • 1 лажичка оригано
  • Неколку коцки рендан пармезан
лазања шеф бранко
Фото: Приватна архива

Начин на подготовка:

Претходно измиениот зеленчук го сечеме на мали парчиња и го додаваме во ВОГ тава со 100мл. маслиново масло се додека убаво не се издинст.  На страна, во посебен сад, ги додаваме ракчињата, во нив додаваме лимонов сок ило балсамиран оцет, 50мл. розе вино и 1 лажичка сенф. Оставаме да отстојат некое време додека ракчињата не ја впијат смесата.  Во зеленчукот го додаваме останатиот дел од виното, сенфот и зачините, а на крај ги додаваме и  ракчиња. Оставаме убаво да се издинстсат и го додаваме сокот од домати.
Во длабок сад, додаваме зејтин, ги поставуваме свежите лазањи (во зависност од големината на садот) од горе го додаваме филот со зеленчук и ракчиња, и постапката ја повторуваме се додека не се потроши смесата и лазањите.
На страна, во сад го подготвуваме бешамел сосот со кој што ги поливаме лазањите. Путерот го растопуваме, го додаваме брашното и убаво мешаме да не се направат грутки. Откако ќе се испече брашното, со постепено мешање го додаваме млекото и смесата почнува полека да се згуснува. На крај, пред да го извадиме од оган, ги додаваме зачините и пармезанот. Бешамелот го додаваме врз лазањите. Печеме на претходно загреана релна на 220 степени со постепено намалување. Печеме околу 25 до 30 минути

Слични објави

Тамара отворено за љубовта: Му го проверив телефонот на Лука, а со видеото за раскинувањето претерав

Еспресо

Како да знаете дали сте претерале? Висок крвен притисок, главоболка и тахикардија се јавуваат при висок внес на кофеин

Еспресо

(Фото) Цеца по неколку години повторно влезе во вилата на Кипар: Луксузниот имот го купила на кредит, а сега покажа како изгледа

Еспресо

(Фото) Каролина ќе биде наследничка на Маја Оџаклиевска: познатиот битолски музичар сподели важна приказна

Еспресо

Карлеуша и Тошиќ „солено“ ќе го платат школувањето на Атина во Милано – купуваат и луксузен стан

Еспресо

Лесен е за приготвување и воопшто не е скап – Колач со диња и вишни

Т.Ц.
Се вчитува....