11.8 C
Скопје
09:00 - 4 мај, 2024

Знаеме дека короната потекнува од лилјаците, но антителата од едно друго животно би можеле да бидат нашето тајно оружје против ковид-19

Според студијата која минатата недела беше објавена во списанието „Сел“ (Cell), антителата во крвта на ламата би можеле да пружат заштита од коронавирусот, пренесува Гардијан. За разлика од луѓето, ламите имаат мали антитела кои можат да продрат во протеините на вирусот, кои се премногу мали за човечките антитела, што им помага да се изборат со заканата која доаѓа од нив.

Истражувачите се надеваат дека антителата на ламата би можеле да им помогнат на луѓето кои сè уште не се заразиле со коронавирусот.

Веќе и порано е докажано дека антителата на ламата можат да се борат против сарс и мерс, поради што научниците помислиле дека би можеле да бидат ефикасни и во борбата против ковид-19. Тоа се покажало како точно, барем на ниво на клетките, а следниот чекор се клиничките испитувања, на што истражувачите моментно работат.

Многумина сметаат дека моќта на лекувањето на ламите оди и понатаму од онаа на микроскопското ниво и дека овие животни имаат способност да ги смират луѓето и да ја намалат нивната анксиозност.

„Ламите и луѓето се природни сојузници“, тврди Џорџ Калдвел, кој се занимава со одгледување на лами во Калифорнија.

The post Знаеме дека короната потекнува од лилјаците, но антителата од едно друго животно би можеле да бидат нашето тајно оружје против ковид-19 appeared first on Слободен печат.


Знаеме дека короната потекнува од лилјаците, но антителата од едно друго животно би можеле да бидат нашето тајно оружје против ковид-19 was first posted on мај 17, 2020 at 8:00 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....