22.8 C
Скопје
15:11 - 2 мај, 2024

Засега нема добра волја за враќање на цената на струјата: Јавноста бранува ама безуспешно

Засега не е остварлив ниту еден од двата начина за враќање на цената на струјата. ЕВН, МЕПСО и ЕЛЕМ не ги повлекуваат барањата за поскапување, а нема ни влада, која евентуално би го намалила ДДВ од 18 на 5 проценти. За две недели ќе стасаат и првите сметки, а дотогаш јавноста ќе бранува, но очигледно безуспешно. Регулаторната комисија за енергетика беше јасна дека во рок од три дена, може да ја смени одлуката, но само ако енергетските компании достават нови барања и се согласат дека ќе работат без добивка. Според Марко Бислимовски, претседател на РКЕ, со овие цени што се одобрени, енергетските компании ќе работат само за да ја преживеат годината. Поточно, екстра приходите што ги добивала ЕЛЕМ од продажбата на вишоци, годинава ги нема, а компанијата имала пад од 17 милиони евра. Од друга страна, и МЕПСО има помали приходи од транзитирање на струјата, и тоа од околу 11 милион евра.

Актуелните граѓански реакции се надоврзаа на лавината критики по паушалните сметки за струја за април и мај. Со оправдување дека не можеле да читаат броила поради пандемијата, ЕВН испорача драстично повисоки суми, па граѓаните реагираа и до РКЕ, од каде што дури беше апелирано до нив да не ја авансираат енергетската компанија, ами да побараат корекција.

И сега, додека енергетските компании се правдаат за цената,  да се потсетиме дека АД ЕСМ им исплати регрес за годишен одмор на вработените уште во јуни. Вкупната вредност од над 2,6 милиони евра беше распределена на сите 5.661 вработени и тоа по 26.422 денари или по една просечна плата за секој. Исплатата се случи во време на криза, веднаш откако Уставниот суд ја стави вон сила Уредбата со законска сила за ограничување на исплата на додатоци и надоместоци за плата за вработените во јавниот сектор за време на вонредна состојба. Тоа значи дека исплатата на К-15 е со законска основа. Парите за К-15 биле резервирани во буџетот на АД ЕСМ уште во 2019 година. И МЕПСО, која е во целосна државна сопственост, среде пандемија, потроши милионски суми евра за регрес за годишен одмор.

На 1 април Владата усвои информација за намалување на непродуктивните расходи, меѓу кои и времена забрана за нови вработувања, ангажирања на привремено и нови договори на дело, кратење на непродуктивните расходи за спонзорства, реклами, репрезентации, набавка на мебел, опрема, возила и други непродуктивни расходи, кои суштински не се поврзани со справување со ковид-19. Меѓу препораките беше и да не се доделува регрес за одмор во јавен сектор и да не се реализираат другите права од Општиот колективен договор за јавниот сектор. Исто така, јавните претпријатија беа задолжени да ги намалат за 15 отсто тековните расходи, а беше укажано и препорачано и на единиците на локална самоуправа како и на јавните претпријатија и на АД во државна сопственост и сите други субјекти во јавниот сектор да се воздржат од помалку суштинските расходи. Сепак, по укинувањето на уредбата од Уставниот суд, нема законска основа по која може да им се ограничи ваквата исплата на јавните претпријатија, но сепак во вакво време сите треба да го имаме предвид и моралниот аспект и одговорноста.

Поскапувањето на струјата е директен удар врз сиромашните граѓани, 100.000 живеат со 40 денари на ден, тврди Бранимир Јовановиќ, поранешен советник во Министерството за финансии, кој предупредува дека поскапувањето на струјата е директен удар врз 755.000 сиромашни граѓани.

– Практично не можам да поверувам дека може да се покачи цена на струјата како што дозволуваат сметките, методологијата. А законите дозволуваат да се покачи цената на струјата во ваква криза, но не дозволуваат да се намали. Мене ми е тоа практично неприфатливо објаснување. И мислам дека едноставно е недолично објаснување во ваква ситуација и мора да се изнајде решение – изјави Јовановиќ во емисијата „Бизнис поенти“.

Нашата струја е најевтина, ама за нас е скапа

Според податоците на Евростат, македонските граѓани користат електрична енергија која е една од најевтините во регионот на Западен Балкан, но и во цела Европа. Низ бројки, тоа изгледа вака: во втората половина на 2019 година, цената на киловат-час електрична енергија кај нас била за речиси трипати пониска во однос на просечната цена во ЕУ. Лани, цената за киловат-час електрична енергија во Македонија изнесувала 7,83 евроценти, додека просечната цена во ЕУ била 21,14 евроценти. Во однос на регионот, највисока цена на електрична енергија плаќаат граѓаните на Словенија – 16,34 центи за киловат-час, во Грција цената изнесува 15,5 евроценти, додека во Хрватска е 13,2 центи. Во соседна Албанија цената за киловат-час изнесува 8.4 центи, а во Бугарија 9.99 евроценти.

Сепак, ако се направи споредба во однос на куповната моќ, цената на струјата е меѓу највисоките. Ако се земе колку е цената на 1 киловат-час електрична енергија како процент од просечната месечна плата и ако тој процент се спореди со податоците од Евростат за земјите од ЕУ, Македонија е на четврто место, по Романија, Летонија и Бугарија, а во сите други земји од ЕУ, зафаќањето на платата за сметките за струја е помало.

The post Засега нема добра волја за враќање на цената на струјата: Јавноста бранува ама безуспешно appeared first on Слободен печат.


Засега нема добра волја за враќање на цената на струјата: Јавноста бранува ама безуспешно was first posted on август 11, 2020 at 2:13 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....