16.8 C
Скопје
09:54 - 5 мај, 2024

Владата го усвои ребалансот на буџетот: Вирусот ископа дупка од 743 милиони евра, платите на администрацијата не се чепнаа

Владата го усвои ребалансот на Буџетот. Таа планира дека годинава ќе собере 11,5 проценти помалку приходи од она што беше планирано со Буџетот за 2020 година и за толкав износ ја намали приходната страна. Така, со ребалансот, се планираат приходи од 3,2 милијарди евра, или околу 400 милиони евра помалку од основната верзија на буџетот. Падот ќе биде резултат на помали даночни приходи за 16,2 проценти, помал износ на придонеси за 5,4 отсто, како и на други намалени приходи.

На расходната страна, пак, има зголемување од 1,4 проценти, или расходната страна се зголемува за 53,7 милиони евра. Со ребалансот, вкупните расходи ќе бидат 3,95 милијарди евра, при што платите на администрацијата не се намалуваат, а пари ќе има и за редовни пензии.

Со ребалансот е предвидено буџетскиот дефицит да биде 6,8 проценти од бруто-домашниот производ.

– Се планира дополнителен дефицит од 470 милиони евра, а претходно со буџетот, дефицитот беше 273 милиони евра, или вкупниот буџетски дефицит за оваа година ќе биде 743 милиони евра – рече министерката за финансии Нина Ангеловска.

Според министерката, фокусот на овој ребаланс е закрепнување и рестартирање на економијата во услови на ковид-19.

– Со ребалансот, од државната каса се обезбедени уште 82 милиони евра за справување со последиците од коронавирусот. Претходно, со релокација на средства, за оваа намена беа обезбедени 106 милиони евра – рече Ангеловска.

Таа презентираше во кои програми ќе одат средствата за справување со коронавирусот.

Покрај алоцираните 106 милиони евра, сега ќе има уште 50 милиони евра за стимулирање на приватната потрошувачка и за поддршка на работодавачите. Ќе има и нови 10 милиони евра (покрај досегашните 1,5 милиони евра) во Министерството за економија за поддршка на приватната потрошувачка на граѓаните и поддршка на домашниот македонски туристички сектор. По 6 милиони евра дополнително ќе има за социјала, за Фонд за здравство, за Министерство за здравство, Министерство за образование за одделни програми, како и 1 милион евра за национално кофинансирање за нова кредитна линија за фазата на закрепнување и рестартирање на македонската економија, која ќе се спроведува преку Развојната банка.

На расходната страна капиталните расходи ќе бидат 317 милиони евра, или за 68 милиони евра помалку од планираното, но Ангеловска вели дека нема да се пипне во суштинските проекти и дека тоа ќе биде најголема реализација во последните 10 години.

The post Владата го усвои ребалансот на буџетот: Вирусот ископа дупка од 743 милиони евра, платите на администрацијата не се чепнаа appeared first on Слободен печат.


Владата го усвои ребалансот на буџетот: Вирусот ископа дупка од 743 милиони евра, платите на администрацијата не се чепнаа was first posted on мај 16, 2020 at 9:17 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....