12.8 C
Скопје
12:31 - 19 април, 2024

ВИДЕО | Има надеж: Извлечени живи десетина жители на Измир кои по земјотресот беа заглавени под урнатините

Над 10 лица се спасени во саботата по силниот земјотрес кој ја погоди областа Измир на егејското крајбрежје на Турција.

Турската агенција Анадолија објави дека еден човек е извлечен жив и по 30 часа од земјотресот.

Претходно од под урнатините на падната зграда е извлечен маж, 26 часа по земјотресот.

 

Хелим Сари е извлечен по 17 часа поминати под рушевините.

 

Мајка и нејзините 3 деца исто така се спасени по 23 часа затрупани под урнатините од разорниот земјотрес.

Во катастрофалниот земјотрес загинаа најмалку 28 лица, а 885 се повредени кога Измир се разниша од потресот со јачина од 6,6 степени.

 

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска го посети местото што беше погодено од земјотресот и ги надледуваше спасувачките операции на теренот како и расчистувањето на урнатините од страна на специјалните служби.

(Извор: Anadolu Agency AA)

The post ВИДЕО | Има надеж: Извлечени живи десетина жители на Измир кои по земјотресот беа заглавени под урнатините appeared first on Слободен печат.


ВИДЕО | Има надеж: Извлечени живи десетина жители на Измир кои по земјотресот беа заглавени под урнатините was first posted on октомври 31, 2020 at 8:46 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....