11.8 C
Скопје
06:01 - 3 мај, 2024

ВИДЕО | Андоновиќ: Карантин во Германија и Франција, Американците со страв излегуваат на избори

Бројката на заразени со новиот вид на коронавирусот во светот надмина 44,7 милиони. Досега како последица оид заразата во светот починаа 1.179.232, повеќе од 32,7 милиони се оправиле а регистрирани се повеќе од 10, 8 , милиони активни случаи. Најтешко погодена држава во светот се САД со повеќе од 9,1 милион заразени и 233.130 починати.

После САД најголема бројка на заразани има во Бразил – 8 милиони, Русија  5 милиони, додека Франција Германија и Британија имаат по околу милион заразени. Токму овие бројки ги принудија европските држави да започнат со воведување на рестрективни мерки..

Вчера францускиот претседател Макрон и германската канцаларка Меркел во обраќањата до своите нации најавија воведување на карантин. Мерката карантин во Германија ќе биде на сила до Божиќ, а во Франција до јануари. Со новите мерки, на луѓето ќе им биде дозволено да ја напуштаат куќата само заради неопходни обврски, работа или од здравствени причини. Во секој од овие случаи, луѓето ќе мора да пополнат образец за да го оправдаат напуштањето.

Карантинот вклучува и забрана за собирање. Училиштата ќе останат отворени, како и градинките, а се дозволува и еден час во денот за рекреација. Културните и спортските настани, како и кафетериите и хотелите ќе бидат затворени.

Во САД пак на неполни 6 дена пред најконтраверзните и најкритичните претседателски избори, меѓу гласачите владее несигурност, ио страв попради глобалната пандемија. Се смета дека последно слично чуство на страв меѓу гласачите во САД се случило во 1968 година кога во пресрет на тогашниот избор за претседател бил извршен атентат врз Мартин Лутер Кинг и Роберт Кенеди, како и незадоволството од американското учество во виетнамската војна. Сепак досега повеќе од 74 милиони Американци излегоа на раното гласање за претседател што навестува рекордна стапка на излезност во последните 100 години на претседателски избори.

И кандидатот за американски претседател Џо Бајден и неговата сопруга Џил ја искористија можноста за рано гласање и гласаа во Делавер. Растечката бројка на заразени од Ковид со сигурност ќе влијае на самите избори, сметаат експертите.

The post ВИДЕО | Андоновиќ: Карантин во Германија и Франција, Американците со страв излегуваат на избори appeared first on Слободен печат.


ВИДЕО | Андоновиќ: Карантин во Германија и Франција, Американците со страв излегуваат на избори was first posted on октомври 29, 2020 at 9:52 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....