16.8 C
Скопје
10:11 - 17 мај, 2024

Твитер се огласи: Хакерите нападнале 130 налози и украле повеќе од 100.000 долари

Компанијата Твитер соопшти денеска дека за време на нападите на хакерите, на мета им биле околу 130 налози, меѓу кои биле профили на бројни познати личности и организации.

Според моментално достапните податоци, хакерите со овој напад успеале да соберат повеќе од 100.000 долари во криптовалути.

Хакерите пристапиле во внатрешните системи на Твитер како би дошле до налозите на познатите личности, меѓу кои и американскиот претседателски кандидат Џо Бајден, старлетата Ким Кардашијан, бившиот претседател Барак Обама, милионерот Елон Маск и многу други, за кои барале донација во дигиталната валута биткоин, пренесува Ројтерс.

Хакирани Твитер профилите на Бил Гејтс, Бајден, Безос, Илон Маск, Ким Кардашијан…

Во соопштението на Твитер се наведува дека хакерите успеале да преземат контрола над мал број на таргетирани налози и од нив ги испратиле твитовите.

Во истрагата се вмеша и американското ФБИ, додека многу луѓе бараат одговор како било можно тоа да се случи.

ФБИ започна истрага за хакираните Твитер налози на познатите личности

The post Твитер се огласи: Хакерите нападнале 130 налози и украле повеќе од 100.000 долари appeared first on Слободен печат.


Твитер се огласи: Хакерите нападнале 130 налози и украле повеќе од 100.000 долари was first posted on јули 17, 2020 at 10:16 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....