9.8 C
Скопје
23:13 - 27 април, 2024

Туристичките агенции се под клуч, но нема бегање од ваучерите

Дел од граѓаните што уплатиле патување преку домашните туристички агенции веќе си ги подигнале ваучерите за износот на платеното патување и ќе може да ги искористат кога ќе се стабилизира состојбата со коронавирусот, вели директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Љупчо Јаневски.

Но, просториите на агенциите се под клуч, така што ваучери главно се испраќаат по електронски пат на оние што инсистираат и кои стравуваат да не им пропаднат парите, па бараат некаква гаранција.

Директорот Јаневски уверува дека издавањето ваучери е со законска сила и од тоа нема бегање.

– Уредбата со законска сила за примена на Законот за туристичка дејност за време на вонредната состојба е донесена, така што сите што платиле аранжман имаат право да се обратат во туристичките агенции и да добијат ваучер со иста вредност како уплатената, а потоа во договор со агенцијата овие пари ќе може да ги искористат до 31 декември 2021 година. Секако, може ако сакаат и ако се договорат со агенцијата, со доплата да користат и некој поскап аранжман за некои поинакво патување, ако така одлучат – вели Јаневски.

Уредбата е објавена во „Службен весник“ на 27 март и во неа пишува: „Начинот на издавање на ваучерите ќе се реализира во согласност со двете страни, односно туристичката агенција (носител на аранжманот) и корисникот на ваучерот (патникот) ќе се договорат за дестинацијата, за терминот на поаѓање, за времетраење на аранжманот“.

Во согласност со оваа уредба, агенциите преку своите официјални страници им се обратија на своите корисници.

„Ваучерите што туристичките агенции ќе ги издадат, патниците ќе можат да ги подигнат лично во туристичките агенции каде што извршиле уплата/резервација на аранжманот (од моментот на почнување со редовна работа на канцелариите) или по барање на патникот истиот ваучер може да им биде пратен по електронски пат односно по имејл. Ваучерите што ќе бидат издадени и гласат на име на патникот што извршил уплата/резервација, можат да бидат преносливи, односно и друг патник може да го искористи ваучерот по договор меѓу патникот и туристичката агенција“, е соопштението што унифицирано го објавија повеќе агенции.

Ако агенцијата престане со работа, мора да ги врати парите

Во Уредбата со законска сила за примена на Законот за туристичка дејност за време на вонредната состојба е предвидено и што ќе се случи со откажаните платени патувања ако туристичката агенција престане да работи.

„Туристичките агенции пред да донесат одлука за престанок на вршење на дејноста, три месеци од денот на престанок на траење на вонредната состојба се обврзани да ги уплатат средствата за аранжманот на корисникот на ваучерот“, пишува во Уредбата.

Ако агенциите не постапат вака, предвидени се казни од 1.000 евра до 2.000 евра за микро трговец, од 2.000 до 5.000 евра за мал трговец, од 5.000 до 8.000 евра за среден трговец и глоба од 8.000 до 10.000 евра во денарска противвредност за голем трговец. Глоба во износ од 500 до 1.000 евра во денарска противвредност ќе се изрече и на одговорното лице во фирмата. Надлежен суд ќе ја води прекршочната постапка и ќе изрекува прекршочна санкција, пишува во Уредбата.

The post Туристичките агенции се под клуч, но нема бегање од ваучерите appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....