22.8 C
Скопје
12:28 - 29 април, 2024

Трамвајот на тркала – надеж на скопјани за побрзо движење низ градот

Жителите на главниот град, доколку се реализираат најавите на градските власти, во догледно време ќе имаат можност да се возат со т.н. брз автобуски систем или попознат како трамвај на тркала.

Овој вид превоз што првично ќе функционира на релација од Ѓорче Петров до Ново Лисиче, се очекува да го намали метежот на градските сообраќајници и истовремено да им овозможи на жителите на Скопје многу побрзо да стигнуваат до посакуваната дестинација.

Патувањето од едниот до другиот крај на градот во овој момент е многу тешко и за него е потребно подолго време. Според некои проценки, од Лисиче до Ѓорче Петров доколку се користи моменталниот автобуски превоз, се патува нешто повеќе од еден час. Токму затоа граѓаните се незадоволни и постојано апелираат да се најде решение, со кое еднаш за секогаш ќе му се стави крај на метежот по скопските сообраќајници.

Сепак, од Град Скопје велат дека тие постојано работат на решавање на овој проблем, од кој се засегнати сите граѓани.

– Град Скопје работи на унапредување на состојбата со јавниот транспорт во Скопје, преку оптимализација на организацијата на работата на ЈСП „Скопје“, со реорганизација на постојниот систем на автобуски линии, преку промоција на системи на комбиниран превоз, како и преку воведување нови форми на јавен транспорт – велат од Одделението за односи со јавност на Град Скопје.

Токму во обид да се воведе нова форма на транспорт, Град Скопје распиша јавна набавка за избор на проектант што ќе го изработи идејниот проект за првата линија на брзиот автобуски систем – БАС (Бас рапид транзит – БРТ) на релација од Ѓорче Петров до Ново Лисиче. Првата траса е предвидено да биде со приближна должина од 12,81 километри во една насока. На неа е предвидено да има вкупно 21 автобуска постојка и 2 автобуски терминала.

– Со идејниот проект проектантите, всушност, ќе треба да изнајдат решенија за обезбедување простор за движење на БАС во Скопје, бидејќи брзите автобуси ќе треба да се движат по физички одвоена траса, а автобуските стојалишта би се наоѓале на средишниот дел од сегашните булевари. Ако ова не е возможно, проектантот ќе треба да достави предлог по која сообраќајна лента е најизводливо да се движат автобусите – објаснуваат од Град Скопје.

За носител на набавката е избрана група на понудувачи: Друштво за трговија и проектантски услуги 24 ИНГ ДООЕЛ увоз-извоз Битола и Трговско друштво за проектирање инженеринг и консалтинг Прима инженеринг ДОО – Скопје.

За реализација на набавката се издвоени околу 5.800.000 денари (цена со ДДВ).

– Понуди за учество на тендерот беа доставени од две компании.
Според договорот и проектната задача, носителот на набавката по добивање налог за започнување на услугата, ќе има на располагање 100 работни дена за да се заврши проектната документација. Во тој период не се сметаа деновите што му се потребни на градот да ја разгледа документацијата и да даде забелешки за неа, како и деновите што ги има на располагање носителот на набавката за да постапи по забелешките – ја објаснуваат постапката од Град Скопје.

Според првичните проценки, по воведувањето на овој вид модерен превоз, значително ќе се намали времето кое е потребно за пристигнување од едниот крај до другиот крај на градот.

The post Трамвајот на тркала – надеж на скопјани за побрзо движење низ градот appeared first on Слободен печат.


Трамвајот на тркала – надеж на скопјани за побрзо движење низ градот was first posted on октомври 15, 2020 at 5:29 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....