16.8 C
Скопје
09:55 - 5 мај, 2024

Трамп го потпиша четвртиот пакет помош за стопанството тежок речиси 500 милијарди долари

Американскиот претседател Доналд Трамп во петокот потпиша речиси 500 милијарди долари финасиска помош за стопанството преку заедми за малите компании погодени од пандемијата.

Министерот за финансии Стивен Мнучин, кој покрај Трамп зборуваше на претставувањето на новиот пакет во Белата куќа, истакна дека државата ќе спорведува надзор за тие средства да не ги искористат поголемите компании.

Мнучин истакна и дека владата на Трамп размислува за преземање на уделите во американските енергетски компании, погодени од пандемијата на коронавирусот и војната со цените на нафтата.

Трамп рече дека се размислува за тоа владата да ја купи нафтата однапред, како и карти за авионски летови за да им се помогне на тие сектори.

Американскиот претседател на конференцијата ја отфрли идејата за финансиска помош на американската поштенска служба ако таа не ги зголеми цените за своите услуги за испраќање пакети кои ги користи Амазон и другите компании, тврдејќи дека тоа не сака да го направи за да „не го навреди“ Амазон.

Претставничкиот дом на американскиот конгрес одобри во четвртокот закон вреден 484 милијарди долари федерална помош за малите и средни компании погодени од коронакризата, како и на болниците за да можат да се носат со големиот број тешко заболени во пандемијата од коронавирусот.

Пакетот помош вреден над 320 милијарди долари е наменет за мали и средни претпријатија кои се најдоа на удар на кризата предизвикана од Ковид-19.

За болниците се наменети 75 милијарди, 25 милијарди за тестирање од коронавирус и повеќе од 60 милијарди за заеми наменети за другите настрадани сектори, превенствено земјоделството.

Законот, кој е резултат на тешките преговори на демократите и републиканците, е четврти по ред пакет помош за американското стопанство во текот на пандемијата. Тие четири мерки заедно чинат околу 3 билиони долари.

 

The post Трамп го потпиша четвртиот пакет помош за стопанството тежок речиси 500 милијарди долари appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....