11.8 C
Скопје
02:50 - 3 мај, 2024

Таравари: ДУИ продава магла, ВМРО не ги казнува граѓаните, СДСМ делат маски – Политичка влада што поскоро тоа подобро (ВИДЕО)

Го прочитав постот на д-р Беќаровски околу тоа дека е дојдено време за заедно да упатиме апел за почитување на протоколите кои пропишува здравствената комисија. Тоа е добро разгледување на колегата. Јас горе доле се согласувам дека ова не е проблем на една етничка заедница, туку за сите граѓани на Македонија. Јас и Села многу сериозно ја гледаме работата и барем таму каде што имаме локална власт, се обидуваме и така да му пријдеме на проблемот, изјави Арбен Таравари, градоначалник на Гостивар во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“

Состојбата е загрижувачка, веќе имаме втор бран, а во Владата постои комплетен раздор.

-Ние сме веќе во втор бран. Ако ги анализирате бројките сите држави во регионот заедно имаат помал број на инфицирани отколку кај нас. Исто е и со морталитетот. Состојбата е многу загрижувачка и многу сериозно треба да му се пријде на проблемот и да се остават сите партиски обојувања. Во Владата имаме комплетен раздор, како да не е Влада, министерствата како да се како канцеларии на одредени политички партии. И ова e жалосно. Проблемот е навистина сериозен и треба заеднички конструктивно да најдеме решение.

-Со оџите и поповите имам редовна комуникација, но не за овој проблем. За овој проблем имаме локален Кризен штаб кој релативно компететно работи и скоро два пати неделно се обраќаме до граѓаните се со цел да нема такви конспиративни приказни и да расчистиме со тоа дека ова е нешто што не постои, Бил Гејтс, 5Г итн.. Мислам дека е пропуст што институциите не започнаа интензивна кампања додека траеа рестрикциите. Ако ние се придржуваме кон препораките ние и училиштата може да ги отвориме, па и џамиите и црквите без проблем да функционираат, вели Таравари.

ВЛАДАТА Е КОМПЛЕТНО РАСШТИМАН ОРКЕСТАР, НЕ СЕ ЗНАЕ НИШТО – ДУИ ПРОДАВА МАГЛА, ВМРО НЕ ГИ КАЗНУВА ГРАЃАНИТЕ, СДСМ Е НА ТЕРЕН

-Сега не е моментот со прст да покажуваме кој е крив. Дефектот треба да го побараме во себе. Сите треба да ја споделиме одговорноста, но ако некој не научи од прв пат треба повеќе пати да се каже дека треба да се почитуваат правилата. Основниот проблем го гледам во неинформираноста и несериозноста на инстутуциите, рече Таравари.

Околу датумот за избори, Таравари смета дека и при минимални услови за избори, тие треба да се оддржат. Дилемата мислам дека е дали на 5.07 или 26.07. Но, Владата е комплетно расштиман оркестар, не се знае ништо

–ДУИ продава магла, ВМРО не ги казнува граѓаните, СДСМ е на терен и дели рекламен материјал (маски). На Македонија и треба политичка влада. што поскоро тоа подобро. Но, ако вака продолжат вака бројките и нема услови за организирање на избори, тогаш со легс специјалис нека седнат правниците и нека го вратат парламентот, вели Таравари.

 

The post Таравари: ДУИ продава магла, ВМРО не ги казнува граѓаните, СДСМ делат маски – Политичка влада што поскоро тоа подобро (ВИДЕО) appeared first on Слободен печат.


Таравари: ДУИ продава магла, ВМРО не ги казнува граѓаните, СДСМ делат маски – Политичка влада што поскоро тоа подобро (ВИДЕО) was first posted on јуни 4, 2020 at 10:08 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....