11.8 C
Скопје
09:57 - 25 април, 2024

Строги правила на Австралија опен: Дисквалификација, апсење, депортација!

„Австралија опен“ воведе строги правила и ригорозни мерки за тенискиот грен слем турнир, вообичаено прв во годината. Во тек се квалификациите во машка и женска конкуренција, а главните мечеви започнуваат на 8 февруари.

Сè е во знакот на борбата против ковид-19, натпреварувачите мора да бидат во карантин 14 дена пред да пристигнат во Мелбурн.

Ќе бидат тестирани неколку пати за време на карантинот, а постојат и правила за ограничување на движењето. Најдобриот светски тенисер ќе биде во карантин во Аделаиде, наместо во Мелбурн, но од тоа воопшто не е задоволен Новак Ѓоковиќ.

Тој ќе биде одделен од останатите тенисери заедно со Рафаел Надал и Доминик Тим, а тој карантин нема да биде строг и тоа ги иритира пониско рангираните играчи.

Австралиските медиуми објавија и што ги чека тенисерите за време на „Австралија опен“. Во карантин тие ќе можат да тренираат со мала група, дури после осмиот ден од карантинот. Тенисерите ќе имаат одредено време да го напуштат хотелот, но секој што ќе замине во карантин без дозвола, автоматски ќе биде казнет со 19.000 американски долари.

Секое прекршување на кој било член на тимот ќе биде санкционирано како прекршок на тенисерот. Прекршување на правилата може да донесе и автоматска дисквалификација и одземање на заработката, но и депортација, па дури и апсење. Дефинитивно не се шегуваат во Мелбурн..

Планирано е доаѓање на учесниците од седум локации – Абу Даби, Доха, Лос Анџелес, Сингапур, Мајами, Дубаи и Анталија и со 18 чартер летови. Тие ќе бидат пренесени до хотелот со автобуси, со полициска придружба, а кога ќе пристигнат, сите горенаведени правила ќе стапат на сила.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....