18.8 C
Скопје
12:24 - 27 април, 2024

Солунски филмски фестивал: 177 филмови како одговор на карантинот

Во услови на тежок епидемиски карантин, 61-от Солунски филмски фестивал беше пишано да започне минатиот четврток и да заврши следната недела. Мала разлика, ќе речете, бидејќи, како и да е, неколку дена претходно беше одлучено настанот да се одржи исклучиво онлајн.

И можеби со солунчаните затворени во своите домови, 177-те филмови што се прикажуваат, грчки и странски, со само 3 евра по билет и со многу специјални пакети за прикажување по повластени цени, проекциите ќе се покажат како предизвик, утеха, потреба за чувство на фестивалска заедница. Годинешниот Солунски филмски фестивал ќе го поминеме секој на својот лаптоп и со имагинацијата за омилените киносали, во боите на солунското пристаниште, и средбите во баровите околу плоштадот „Аристотелус“…

Да речеме, „се гледаме догодина“. Бидејќи, како што изјави неодамна генералниот директор на фестивалот, Елиз Заландо, „ова е динамична и издржлива институција“, која во нашето „дистописко секојдневие, како сценарио за научна фантастика, има должност пред јавноста, креаторите, филмската индустрија и нашиот тим, да се одржи“.

„Кала азар“ на грчкиот режисер Ѕанис Рафаилиду го опишува местото кое не може повеќе да го одржува животот на животните

Директорот, пак, на фестивалот, Орестис Андреадакис, повикувајќи се на мотото на годинешната манифестација „Кино на секој начин“, додаде дека „тоа е начин на реакција на превртениот свет во кој влеговме, начин да поставиме и ние некои правила над правилата што ни ги наметна новиот коронавирус“.

Последните новости за фестивалот најавија 12 филмови во селекцијата за Меѓународниот натпревар (меѓу кои се и грчките  филмови „Јаболка“ на Христос Никас, „Кала азар“ на Ѕанис Рафаилиду и „Дигер“ на Јоргос Григоракис).

Филмот за фестивалското отворање, е трогателна сторија, наградувана во Деновите на Венеција (Venice Days) на Венецискиот филмски фестивал – се работи за „Патувањето на китот“ од Филип Јуриев, нежна еротска приказна на стекнување полнолетство во Беринговиот теснец, таму каде што Русија ја среќава Алјаска.

Десет дена подоцна, пак, завесата ќе се спушти со филмот „Повеќе нема да падне снег“ од Маугозата Симовска и Михау Енглерт, еден остар портрет на отуѓеното и длабоко патогено полско општество.

Одлични имиња го сочинуваат жирито што ќе ја додели фестивалската награда „Златен Александар“. Во него седат Германката со иранско потекло Мелика Форутан, протагонистка на филмот на Сијамак Етеманди, „Пари“ („Pari“), како и режисерката Теона Митевска од Северна Македонија, европско кинематoграфско откритие благодарение на нејзиниот филм „Господ постои – нејзиното име е Петрунија“, што ја освои престижната награда „Лукс 2019“ на Европскиот парламент. Тука се и новата директорка на Меѓународниот филмски фестивал во Ротердам, Вања Калујершиќ, и водечкиот исландски дизајнер на звук и тонец, Бјорн Викторсон.

Теона Митевска

Сите различни фестивалски програми се претставени на www.filmfestival.gr. Во нив спаѓаат селекциите за грчкиот и балканскиот филм, категоријата „Отворени хоризонти“, програмата „Запознајте ги соседите“ („Meet the neighbors“), радикалниот „Филм форвард“ („Film Forward“)…

За жал, добро подготвениот визуелен имиџ на фестивалот нема да може да профункционира во затворениот простор, поради карантинот, на МОМус (MOMus), во Складиште Б1 на солунското пристаниште. Сепак, презентации на платна на делата од изложбата „Блискост, современа тиранија“, инспирирани од грчки уметници од филмовите во програмата за меѓународниот натпревар, веќе се поставени во неочекувани делови на градот и на sидовите на пристаништето.

Истото важи и за билбордите со фотографии од видеоинсталацијата на Јоргос Дривас, „Факти во идно свршено време“. Импресивната визуелна инсталација на Олга Сфеца на пристаништето, но и волшебниот „Гласхаус проџект“ („The Glasshouse project“) на Никос Ракас во поранешната  детска градинка, ќе го осветлуваат напуштениот град ноќе.

Тие како да велат: Фестивалот е тука!

Преземено од „Ефемерида тон синтактон“ од Атина

The post Солунски филмски фестивал: 177 филмови како одговор на карантинот appeared first on Слободен печат.


Солунски филмски фестивал: 177 филмови како одговор на карантинот was first posted on ноември 8, 2020 at 5:25 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....