13.8 C
Скопје
20:40 - 27 април, 2024

Шестмина патници не се појавиле на летот од Скопје за Финска попладнево

Шестмина од патниците кои требало да заминат на летот Скопје за Турку, Финска попладнево со лет на Визер, не се појавиле на закажаното патување иако имале резервиран билет, дознава Слободен печат од официјални извори на скопскиот аеродром.

Во авионот на Визер кој попладнево полетал за Финска во 17 часот, имало 143 патници што се упатиле на закажаната дестинација.

Таму во саботата со ист лет пристигнаа 157 патници од Скопје, претежно косовски државјани, но и лица со македонски, фински, албански, бугарски и шведски пасоши.

Откако сите 157 доброволно се тестирале на аеродромот, 24 лица добиле позитивен резултат на коронавирусот.

По ова финските власти решија да воведат задолжителен карантин и случајно тестирање кое ќе биде задолжително за сите патници што ќе слетаат од Македонија. Финска ја смета Македонија за високоризична земја, зашто има повеќе од 8 позитивни случаи на 100.000 жители.

Непознато е зошто овие шест патници во последен момент одлучиле да не се качат на летот на Визер и дали тоа има некаква врска со фактот што после слетувањето би морале да одат во задолжителна двонеделна изолација.

Финска обзнани дека за тие што ја прекршат самоизолацијата а доаѓаат од високоризични држави, ќе следуваат три месеци затвор.

The post Шестмина патници не се појавиле на летот од Скопје за Финска попладнево appeared first on Слободен печат.


Шестмина патници не се појавиле на летот од Скопје за Финска попладнево was first posted on август 11, 2020 at 7:03 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....