14.8 C
Скопје
07:39 - 1 мај, 2024

„Седма сила“: Со коалиција до изборна победа

Можноста за коалицирање и дали коалицијата води кон победа беше тема за анализа во „Седма сила“ на Слободна ТВ.  Особено важни и интересни се предизорните коалиции. Гости во емисијата беа новинарите Ана Анастасовска, Стојан Наумов и Весна Велкова

Создавањето големи предизборни коалиции е редовна појава во Македонија години наназад. Фактите говорат дека онаа коалиција која ќе собере поголем број партии може да смета на изборна победа. Но, во овие коалиции во кои влегувале голем број помали партии и особено партии на помалите етнички заедници, никогаш немало претставник од некоја партија на Албанците.

Оттаму се почесто се говори за можноста на овие избори за прв пат да дојде до една таква коалиција. Прашањето е која партија на Албанците и која македонска партија се подготвени да ја отворат вратата за таква предизборна колација за која многумина веруваат дека може да биде добитна комбинација која ќе и овозможи веднаш да добие мандат за формирање влада.

Стојан Наумов смета дека времето за таква комбинација е дојдено и дека граѓаните се подготвени за една таква коалција имајќи предвид дека Зоран Заев веќе на последните избори создаде политичка атмосфера за таква можност. Во прилог на тоа се и неофицијалните информации дека СДСМ веќе преговара со некои од партиите на Албанците. За Наумов сепак за таква коалиција може да стане збор само делумно односно за шестата изборна единица.

За Ана Анаставовска се чини дека е сеуште прерано за таква коалиција, но дека времето работи во корист на тоа и дека многу скоро нема да биде ништо чудно да се формираат такви блокови на коалиции во кои покрај досегашните партии во нив да партиципираат и албански партии.

Како предуслов за тоа според Весна Велкова е нужно партиите да престанат да го употребуваат вокабуларот на омраза, на патриоти и предавници на зајакнување на националното чуство на сметка на другите. Но потсетува Велкова дека силината на бројките на подржувачите на една или друга опција ќе биде одлучувачка за идните коалиции.

 

The post „Седма сила“: Со коалиција до изборна победа appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....