12.8 C
Скопје
00:46 - 5 мај, 2024

Русите го откриле лекот за коронавирус: По пет дена резултатот е негативен, но за оваа група на луѓе е забранет

Првите резултати од клиничкото испитување на лекот Фавипиравир покажуваат дека тој би можел да биде најефикасен во лечење на Ковид-19.

Испитувањето на лекот се врши во центрите низ Русија кои добиле одобрување и во него учествуваат 330 заболени.

– Според резултатите на првите 60 пациенти во шест центри, гледаме многу важна статистика која вели дека 60 отсто од пациентите кои го земале лекот уште на петтиот ден од терапијата имаат негативен тест на коронавирусот, нагласил Дмитријев, директорот на фондот за производство на лекот.

Тој додал дека тоа го потврдуваат и кинеските клинички испитувања кои покажале дека лекот го скратува траењето на болеста од 11 денови на четири до пет.

Директорот на фондот истакнал дека лекот може да се користи само за предвидена намена и под надзор на лекар, а покрај тоа, не се препорачува да се користи кај трудници.

– Се надеваме дека ќе го завршиме клиничкото испитување подоцна овој месец, заклучил Дмитријев.

Од почетокот на епидемијата во Русија се забележани 242.271 случаи на Ковид-19, повеќе од 48.000 се излечени, а починати се 2.112 лица.

The post Русите го откриле лекот за коронавирус: По пет дена резултатот е негативен, но за оваа група на луѓе е забранет appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....