17.8 C
Скопје
09:21 - 2 мај, 2024

Република Прислушувана

Во оваа земја секој секого прислушува, снима, шпионира. Се прилушуваат политички противници, се снимаат пријатели, новинарите се шпиoнираат, а потоа материјалот ѝ се сервира на јавноста.

Порано беше обичај да одиш на свадба, па една недела подоцна младенците те викаат на гости за заедно да ја погледнете снимката од прославата. Вообичаено на две ВХС-ленти се снимени најинтересните моменти од протоколот на „земање невеста“, одење во матично, во црква и уште пет и пол часа вртење ора, а монотонијата на народни танци ја прекинува возот што се „влече“ на мелодијата на „Моји су другови“, славната свадбарска нумера на Момчило Бајагиќ.

Но, така беше во минатото. Сега уште пред вечерата да биде сервирана, на Фејсбук те „тагнале“ едно 80 свата, па теоретски целата планета знае дека си на свадба кај, да речеме, Томче и Славица. Свадбените церемонии се снимаат со најмалку три камери, се користи кран и рампа, а без исклучок сите гости во ресторанот се вклучуваат со пренос во живо по социјалните мрежи, пренесувајќи му ја на светот интимната веселба.

Ова свадбарско однесување во последните години се пренесе во политиката. Добро познатите „бомби“ на Зоран Заев беа главната причина за симнувањето од власта на неприкосновениот Никола Груевски. Интересно е што прислушуваните материјали кои потоа нагалено се нарекуваа „бомби“, беа снимени под надзор на државниот апарат на Груевски. Но копии од прислушуваните материјали дојдоа до Заев, кој потоа ѝ ги претстави на јавноста, а нивната содржина беше причина за драматичен протест на незадоволните граѓани. Сведоци сме деновиве дека телефоните и натаму се прислушуваат и дека ниту една приватност не се почитува.

Сѐ уште не знаеме кога точно ќе се одржат изборите. Сепак, факт е дека набргу ќе почне предизборната кампања. Партиските програми се во втор план. Никој не се интересира за нив, туку сите ги очекуваат „бомбите“ што се фрлаат од партиските штабови и се разнесуваат по социјалните мрежи. Така изгледа нашата нова реалност. Камерчињата со многу пиксели ги користиме за селфи со невестата, а микрофоните за да го снимиме разговорот со премиерот, за време на заедничкиот ручек одржан во крајно „пријателска атмосфера“.

Но можеби тоа е наша традиционална вредност!? Не е за џабе поговорката – „на еден војвода, по двајца комити и еден предавник одат“. Нација создадена од револуционери, просветители, но и типови како Перо Лигушев, чија егзистенција е директно поврзана со шпионирање и откривање на компромитирачки материјали за луѓето од јавен интерес.

Затоа во моментов најприкладното име на државава е Република Прислушувана. Земја чија парламентарна демократија егзистира во директна врска со шпионирањето и откривањето на компромитирачки материјали за луѓето од јавен интерес.

Можеби тоа и не е така лошо, бидејќи кампањата ќе се води на Фејсбук, на Јутјуб и на информативни портали со фантомски редакции. На тој начин барем ќе се намали ризикот од ширењето на заразата на ковид-19.

The post Република Прислушувана appeared first on Слободен печат.


Република Прислушувана was first posted on мај 22, 2020 at 9:00 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....