18.8 C
Скопје
20:34 - 2 мај, 2024

Пропадна лидерската средба, спас за Законот за јавното обвинителство ќе се бара во осумте пратеници

Пропадна лидерската средба меѓу Заев и Мицкоски за Законот за јавно обвинителство. По вчерашната изјава на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан  Мицкоски, дека не сака да се гледа со Заев се додека нема конкретни резултати од работните групи, денеска и лидерот на СДСМ песимист дека до средба би можело да дојде. Тој вели дека кога ќе се слушне вчерашната изјава на Мицкоски, се добива впечаток дека „човекот нит се води нит се тера“.

– Јас сум подготвен за се но, човекот очигледно не сака да се изнајде решение – рече Заев.

Тој најави дека изјавата на Мицкоски го одвраќа од намерата за заедничко носење на законот и затоа неделава ќе се обиде да најде 2/3 мнозинство за Законот низ разговор со осумте пратеници од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ.

– Да, ќе се обидам прво со осумте пратеници и ќе разговарам со нив. Тие  чувствуваат одговорност бидејќи гласаа за НАТО и ЕУ. Но, одговорноста кај политичарите од поголемите политички партии е поголема. Подготвени сме за сериозна флексибилност се додека тоа законско решение нема да ги помине црвените граници кои ги дозволува европскта регулатива, односно  се што е во рамките на поддршка на ЕУ и европското правосудство. А тоа е политичарите да не „редат“ обивнители – рече Заев.

Вчера Мицкоски ја одби средбата која ја понуди лидерот на СДСМ и рече дека најновиот текст на закон доставен до нив претставува закон кој во иднина ќе го штити криминалот на СДСМ.

– Ако треба да се одржи средба колкуда се одржи јас немам намера да го губам времето на Заев ниту на граѓаните, а тука се работните групи и ќе имаат состанок ќе разговараат и доколу ги приближат ставовите и тогаш веќе ќе може да зборуваме поконкретно за да се одржи лидерска средба – рече Мицкоски.

На новинарско прашање, дека и двете партии се обвинуваат дека со законот сакаат да го скријат криминалот, Заев вели дека всушност со недонесувањето на Законот за јавното обвинителство не може да се заокружи правната рамка за слободно и независно работење на јавните обвинители и судиите.

– Со донесувањето на законот го заокружуваме целиот пакет за судските реформи. Закон за судство, за антикорупциската комисија, сето тоа е чекор со кој преку закони ќе овозможиме идни промени во правосудството. Следува практичната примена. Верувам дека и судскиот совет работи на прочистување на правосудството, и затоа овој Закон дава серозна рамка за да дејствуваат јавните обвинители – рече Заев.

Вчера лидерот на СДСМ рече дека ова е клучна недела за законот за јавно обвинителство, бидејќи потоа треба да има време за собранска процедура, комисиска расправа, пленарна седница. На крајот на денот не се замо Заев и Мицкоски, тука е важна и независната пратеничка група. Заев верува дека ќе се изнајде двотретинско мнозинство, како што рече, поради одговорноста пред граѓаните.

The post Пропадна лидерската средба, спас за Законот за јавното обвинителство ќе се бара во осумте пратеници appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....