8.8 C
Скопје
07:58 - 27 април, 2024

Позитивен на ковид-19 е докторот кој ја породил родилката која ги криеше контактите на ГАК

На Гинеколошко-акушерска клиника (ГАК) во саботата била примена родилка (родена во 1992 година), која се претставила како лекарка и која сокрила дека нејзиниот свекор, со кого живеат во иста куќа, е позитивен на Ковид-19. Родилката не дозволила да ѝ сe земе брис за тестирање. Таа самоволно ја напуштила клиниката и заминала во „Ремедика“, каде што се породила со царски рез. И во „Ремедика“ сокрила дека доаѓа од семејство со заразен од Ковид-19. Таму при прием ѝ е земен брис, но позитивниот резултат на тестот дошол откако се породила. Веднаш била испратена на Инфективна клиника, а седум вработени во „Ремедика“ беа ставени во самоизолација.

Докторот кој ја породи се тестираше и испадна позитивен на Корона-19, пренсе Фронтлајн.

Редакцијата на „Фронтлајн“ го контактираше докторот, кој изјавил дека не е толку гневен на пациентката бидејќи секој си бара решение. Ќе лаже, ќе манипулира, сè ќе направи, но зачуден е од односнот на колеките негови од ГАК.

-Меѓутоа, во време на пандемија, во вонредни услови, некои права се суспендираат. Такво е и правото на користење здравствени услуги, да се прави избор. Со владина уредба сега изборот нѝ е малку поинаков. Ако со владина уредба таа институција е одредена за третман на трудници со Ковид, како ја пуштаат, каде ја пуштаат, каде, во Кожна клиника?! Четири куќи се во Скопје кои се бават со гинекологија. Зарем не требаше, од колегијалност, од етички причини, да се сврти телефонот кај останатите три гинекологии и да се каже – колеги, таа и таа излезе од кај нас, вардете се, ќе ве лаже и вас, што, всушност, и се случи. Не ми е јасна постапката на колегите од ГАК. Во ГАК и даваат за право да потпише некоја изјава, која, патем, сега веќе ја нема, и да си замине од болницата- вели докторот.

The post Позитивен на ковид-19 е докторот кој ја породил родилката која ги криеше контактите на ГАК appeared first on Слободен печат.


Позитивен на ковид-19 е докторот кој ја породил родилката која ги криеше контактите на ГАК was first posted on јуни 12, 2020 at 10:50 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....