11.8 C
Скопје
04:04 - 8 мај, 2024

Повеќето земји ги прифатија маските како заштитно средство, но овие пет европски држави пркосат на сите

Дури и скептичниот Доналд Трамп ја стави маската, а насекаде низ светот е прифатена како заштитно средство против ширењето на Ковид-19, на што уште се спротиставуваат владите на Данска, Норвешка, Шведска, Исланд и Финска, нордиските земји со повеќе од 25 милиони жители.

На улиците во Стокхолм, низ Копенхаген, Осло или Хелсинки, дури и во супермаркетите, канцелариите, превозните средства, тешко е да се пронајдат луѓе со заштитни маски и ги носат најчесто само туристите.

Според неодамнешната анкета само 5 до 10 отсто од анкетираните во нордиските земји рекле дека носат маски на јавни места, а тој број не е сменет од почетокот на пандемијата во март.

Истовремено во околу 20 други земји опфатени од анкетата, од Индија до САД, бројот на корисници пораснал над 70, дури и 80 отсто.

Шведска одбра благ пристап во спречување на пандемијата на коронавирусот, заради што нејзините соседи се скептични, бидејќи во Шведска имаше повеќе од 80.000 заразени и 5.700 починати. Иако се разликуваат во пристапот на постапување во однос на Шведска, нордиските земји се согласуваат во користењето на маски.

На прашањето дали размислува за промена на упатствата за жителите, водечкиот шведски епидемиолог Андерс Тегнел одговори дека се уште чека „некој облик на доказ дека маските се ефикасни“.

Во Данска здравствените власти препорачаа носење на маски на почетокот на јули. Но препораката се однесува на многу ограничен број на случаи, пред се при тестирање во болниците или во јавен превоз и тоа по враќање од ризични зони.

Во Норвешка и Финска граѓаните начелно и не се противат на носење на маски.

– Засега имаме среќа, но можеби ќе мораме да предвидиме носење на маски во иднина ако порасне бројот на заразени, вели лекарот Аре Стувиц Берг од норвешката институција за јавно здравство.

The post Повеќето земји ги прифатија маските како заштитно средство, но овие пет европски држави пркосат на сите appeared first on Слободен печат.


Повеќето земји ги прифатија маските како заштитно средство, но овие пет европски држави пркосат на сите was first posted on јули 31, 2020 at 8:26 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....