21.8 C
Скопје
14:04 - 2 мај, 2024

Пишувам семинарски за медицински факултет

Светот е загрижен до коска од епидемијата на коронавирусот, кој одамна ги премина границите на Кина и зарази луѓе од голем број други земји. Секојдневно се издаваат соопштенија со препораки за претпазливост, со насоки за третирање на пациентите што покажуваат симптоми на вирусот. Забрзано се бара начин да се произведе вакцина, да се пронајде антибиотикот на кој реагира коронавирусот. Државите затвораат граници, се прогласуваат карантини и се градат болници.

Импресивно е како луѓето реагираат во време на кризи и како непосредната опасност ги мотивира да работат до точка на исцрпеност. Трката со времето е немилосрдна, секој ден илјада нови луѓе заболуваат, а катадневно расте и „црниот“ биланс на починатите.

Вакво чувство добива човек кога „скролајќи“ по тоа Фејсбукот ќе налета на споделените објави од домашните или странските портали. Во секоја вест без исклучок може да почувствува стравот на лекарите, епидемиолозите, фармацевтите, на сите медицински работници од тоа што коронавирусот може да му го стори на човештвото. Но, со само неколку „скрола“ подолу по ѕидот на социјалната мрежа, ќе наидете и на еден пост, кој ви укажува на тоа дека во најхуманата професија не е сè така чисто.

– Здраво. Ми треба семинарска по предмет токсикологија. Ве молам за препорака. Благодарам – објавила една наша студентка по медицина, која освен што е љубезна и добро воспитана, бидејќи прво поздравува, па замолува, за да на крајот заблагодари, очигледно е и дека не треба да се подготвува во иднина да работи како лекар.

Тука не треба многу да се полемизира и објаснува. Може да разберам дека некој правник не можел да ги научи латинските поими содржани во предметот Римско право, дека некој новинар запнал на Методологија или дека се прогледало низ прсти кога идниот политиколог не ја научил најдобро Марксовата критика на капитализмот. Но, кога е во прашање „бел мантил“ тука ќе се сложиме сите заедно, дека шубето е големо. Односно, тешко дека би однеле болно дете кај лекарот за кој знаеме дека со врски го положил предметот Педијатрија или би се согласиле импланти во градите да ви става хирург, кој препишувал од ливчиња за време на полагањето на испитот по Пластична и реконструктивна хирургија.

Не е тешко да се замисли и ситуација на епидемија во Македонија. Коронавирусот е глобална закана и оправдан е стравот дека и нашата земја би можела да биде зафатена заразата. Само од себе се наметнува непријатното прашање, за тоа колку лекари и колку епидемиолози си ја платиле семинарската по предметот Токсикологија или колку од нив препишувале на испитот Хигиена?

Се надевам дека во ситуација на алармантна опасност, ќе се појави на Фејсбук објавата на личноста што ги пишува семинарските за студентите на Медицинскиот факултет во Скопје.

– Пишувам семинарски за медицински факултет – ќе биде доволно само еден ваков пост да се појави на Фејсбук, за да посочената личност ја назначиме за шеф на кризниот штаб, за раководител на секторот за справување со кризи или како главен лекар на полската болница, која би се изградила во краток рок за да ги прими болните.

The post Пишувам семинарски за медицински факултет appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....