8.8 C
Скопје
08:01 - 26 април, 2024

Петковска: Правото на фер и правично судење гарантира правичност во постапката пред судот, сите граѓани се еднакви пред законот (ВИДЕО)

Граѓаните имаат право да знаат за своите права пред судот во кривичната постапка. Граѓаните имаат потреба од ваква работа,, па од таму излезе и прирачникот. Ние работиме на мониторинг на судските предмети, изјави за „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ Ивана Петковска од коалицијата „Сите за правично судење“.

-Прирачникот е поделен на неколку сегменти кои нашиет граѓани треба да ги знаат. Објаснето е од тоа како се влага во судот, па се до тоа како тече кривичната постапка, кои права ги има оштетениот, трошоците итн. Последниот дел се однесува на правната терминологија, односно термини кои не се доволно познати за луѓето.

-Правото на фер и правично судење гарантира правичност во постапката која се води пред судот, тоа значи дека сите граѓани се еднакви пред законот. За сите граѓани постапката пред судот е иста, односно таа треба да биде јавна, брза и непристрасна, водена согласно законите со почитување на човековите права и стандардите за фер и правично судење. Правото на правично судење значи дека секој поединец има можност пред непристрасен и независен суд да ја изнесе својата одбрана и да ги изложи сите докази коишто одат во негова корист. Едно од основните начела е начелото на судење во разумен рок. Ова начело значи дека судот треба брзо и без одолжување да ја спроведе постапката, изјави Петковска од коалицијата „Сите за правично судење“.

The post Петковска: Правото на фер и правично судење гарантира правичност во постапката пред судот, сите граѓани се еднакви пред законот (ВИДЕО) appeared first on Слободен печат.


Петковска: Правото на фер и правично судење гарантира правичност во постапката пред судот, сите граѓани се еднакви пред законот (ВИДЕО) was first posted on јули 13, 2020 at 8:34 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....