Реакцијата на музичарот Петар Ренџов доаѓа по најавата на скопскиот градоначлник Петре Шилегов дека познатиот музичар Дино Мерлин ќе ги забавува скопјани на плоштадот за прославата на Нова година.
Тој во коментарите за неговата објава споделена на Фејсбук доби огромна поддршка од истомислениците. Ви ја пренесуваме неговата реакција во целост…
ПОЛУДЕВ !!!!!! ПРОТЕСТИРАМ !!!!!!!!
На ТВ24 вести прочав за нова година ДИНО МЕРЛИН ке ги забавува Скопјани !!!
Градоначалнику Петре Шилегов ве молам да ни објасните со каква идеа, морал, памет , на кој начин ја одбравте оваа музичка катастрофа и ни ја натурате на плоштад за новогодишната вечер? Како да им објаснам на моите деца кој е, што пее, на кој јазик Дино Мерлин , !
Па каква е оваа интелектуална беда во Собранието на град Скопје, каква порака ни праќате на нас граѓаните ?
Ако не знаете, должни сте да прашате било која музичка или културна институција да ве упатат дека естетиката е погрешно направена по сите канони и музички стандарди
!!! ПРОТЕСТИРАМ !!!! ПРЕДВОДНИЦИ НА ГРАЃАНИТЕ , НЕ НИШТИТЕ КУЛТУРНО , ДУХОВНО ЕМОЦИОНАЛНО !!!!