14.8 C
Скопје
08:59 - 3 мај, 2024

Парите „легнаа“ и кај дополнително одобрените корисници

Министерството за финансии завчера заврши со префрлањето пари на домашните платежни картички, наменети за корисниците што исполнуваат одредени услови, а со цел ублажување на последиците од здравствената и  економската криза. Последни добија пари оние што приложија приговори, а кои Министерството ги одобри. Според информациите од Министерството, од трезорската сметка за овие 9.200 граѓани завчера беа префрлени 32 милиони денари и овие пари тие веќе може да ги користат.

Според министерката за финансии Нина Ангеловска, оваа мерка, иако комплицирана за реализација, во практика одлично се спроведе.

– Станува збор за многу обемна мерка, која од нејзино конципирање до реализација се спроведе во навистина многу краток рок, односно од носењето на уредбата до издавањето на првата картичка поминаа само две недели – информира Ангеловска.

Таа соопшти и дека заклучно со 25 јули се издадени 300.000 домашни платежни картички преку 9 банки, за што беа исплатени 28 милиони евра.

Сепак, во практика се јавија проблеми. Од поднесените 46.000 приговори се одобрија само 9.200. Тоа сѐ уште предизвикува негодување кај дел од граѓаните, кои тврдат дека им е ускратено нивното право. Сѐ уште на фејсбук-страницата на министерката Ангеловска може да се прочитаат реакциите, како, на пример, од еден наш сограѓанин, кој ја скенирал и ја испратил платната листа за да се види дека зема минимална плата, но дека приговорот му бил одбиен.

Реагираа и граѓани што добиле домашна платежна картичка, но кога отишле на банкомат, немало пари. Всушност, потоа се откри дека банките биле побрзи од Министерството за финансии и ги дистрибуирале картичките за оние граѓани на кои дополнително, по приговорите, им биле одобрени пари, но парите уште не биле префрлени. Тоа се тие граѓани за кои Министерството завчера префрли 32 милиони денари.

Но, исто така, во јавноста излезе и податок дека 30.000 граѓани не можат да ги користат картичките од различни причини. Ова би значело дека секој десетти добитник на картичка е оневозможен да ја користи помошта. Како причини се наведуваат дека картичката била испратена во други град или поради некои други проблеми со податоците. Но, тука е во прашање ажурирањето на податоците што клиентите ги даваат во банките, или пак, на податоците во институциите, за оние што досега немале банкарска сметка, а која им ја отворила државата.

Домашните платежни картички на површина ја исфрлија и неповрзаноста на институциите од кои се црпеа податоците, па граѓаните се жалеа дека кога приговараа, ги префрлаа од една на друга. Најмногу проблеми се јавија кај средношколците и кај студентите на кои според уредбата им следеше платежната картичка. Но, еден дел од нив ги немаше на списокот. Овие списоци одеа преку Министерството за образование, кое ги даде листите со средношколците со наполнети 16 години и на редовните студенти на возраст до 29 години, од државните факултети. Токму и најголем дел од прифатените приговори – 5.800 беа на млади од 16 до 29 години.

Банките имаа обврска да издаваат платежни картички до 18 јули, но го пречекорија овој термин. Од друга страна,  рокот за користење на картичките е до 15 август и од Владата велат дека во овој вакуум период до формирање на нова влада, тој рок не може да се продолжи. Но, како што може да се евидентира, 10 проценти од корисниците на картичките сѐ уште не може да располагаат со нив, а повеќе од 9.000 корисници парите може да ги користат од вчера и од завчера.

На Домашната платежна картичка „легнаа“ по 9.000 денари еднократна помош за социјалните категории и за невработени кои остваруваат низок доход, а по 3.000 денари добија вработени со мали примања, како и средношколци со наполнети 16 години и студенти до 29 години.

 

The post Парите „легнаа“ и кај дополнително одобрените корисници appeared first on Слободен печат.


Парите „легнаа“ и кај дополнително одобрените корисници was first posted on јули 31, 2020 at 7:36 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....