10.8 C
Скопје
02:05 - 29 април, 2024

Параноја се шири во Иран поради коронавирусот: За сè се виновни овие ужасни снимки (ВИДЕО)

Иранските челници пред само две недели „предвидуваа“ дека заразата со коронавирусот која пустоши низ Кина нема да претставува проблем во нивната земја. Дури се пофалија дека извезуваат заштитни маски за лице во Кина.

Меѓутоа, во Иран сега ситуацијата е толку сериозна, што е на трето место по бројот на заразени, веднаш по Кина и Јужна Кореја.

Првиот потпретседател на земјата наводно е заразен со болеста која погоди меѓу 8 и 10 ирански пратеници и усмрти најмалку 107 лица. Сега со заразата се погодени речиси сите провинции, освен една.

Техеран објави дека вкупниот број на заразени надмина 3.500, но бројни Иранци стравуваат дека тоа не е вистина. Имено, во Иран се шират различни теории на завера, кои ги покриваат и двете крајности – од онаа дека бројот на жртвите е многу поголем, па дека властите кријат информации, па до таа дека заразата воопшто не постои.

Објавени се неколку снимки на кои наводно се гледа медицинскиот персонал во градот Ком во истоимената провинција на северот од Иран каде првпат е откриен коронавирусот, официјално именуван како КОВИД -19 од страна на СЗО.

Непроверената видео снимка покажува повеќе вреќи со трупови за кои се тврди дека се жртви на новиот вирус, а ја пренесоа и неколку ирански медиуми.

Додека светот се бори со ширењето на коронавирусот, епидемијата во Иран е лекција за тоа што се случува кога релативно затворена држава со ограничени ресурси, која е веќе ослабена од санкции, се обидува да спречи епидемија која тешко може да се спречи.

Иранските власти сега се обидуваат да ја смират заразата, па одлучија да ги затворат училиштата и универзитети, како и да ги откажат молитвите во петок во сите главни градови на провинцијата.

Властите исто така во вторникот соопштија дека привремено ослободиле 54.000 затвореници за кои се тврди дека немаат симптоми на КОВИД-19, очигледно со надеж дека ќе ја минимизираат заразата во преполните ирански затвори.

Властите во Иран изгледа подеднакво се грижат и за контрола на информациите, како и за контрола на вирусот, пишува „Њујорк тајмс“ повикувајќи се на пораките од иранските медицински работници. Во болниците се стационирани и безбедносни агенти и тие наводно внимаваат вработените да не откриваат било какви информации за недостиг на лекови и медицинска опрема, за пациентите или смртните случаи поврзани со коронавирусот.

Медицинска сестра од еден град на северозападот на земјата испратила приватна порака до своето семејство, која е споделена со „Њујорк тајмс“ во која го опишала писмото од службата за безбедност која ги предупредува да не споделуваат информации за заразените пациенти зошто тоа претставува „закана за националната безбедност“ и „јакнење на стравот во јавноста“.

Таинственоста и паранојата, велат лекарите и другите експерти, се сметаат и за контрапродуктивни за имиџот на Иран и всушност и пречи на земјата да се бори со епидемијата.

Еден истакнат патолог од Техеран рече дека на медицинските работници од лабораториите кои тестираат коронавирус им било кажано дека ќе бидат испитувани и апсени ако дадат информации во медиумите.

-Ова е срамно. Претворајќи го ова во прашање на националната безбедност, тие вршат притисок врз лекарите и медицинските екипи и создаваат опкружување на хаос и страв, рече тој.

Така сега во Иран владеат паника и параноја и јакне недовербата во владата. И додека некои сметаат дека ситуацијата е посериозна отколку што се тврди, има и од оние кои се уверени дека сето тоа е измислица.

Во земјата се шират разни дезинформации, а зад некои стојат и одредени официјални лица, кои тврдат дека тоа е „пропагандна војна“ која САД ја покренале против Иран.

The post Параноја се шири во Иран поради коронавирусот: За сè се виновни овие ужасни снимки (ВИДЕО) appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....