19.8 C
Скопје
10:11 - 18 мај, 2024

Пандемијата во Бразил не се смирува: Над 30.000 нови случаи, починаа 552 лица

Бројот на потврдени случаи на коронавирус во Бразил е зголемен за 30.476, така што вкупниот број на заразени е 1.344.143, покажуваат податоците на министерството за здравство.

Починале уште 552 лица, така што вкупниот број на починати достигна 57.622. Повеќе од половина од заразените, односно повеќе од 733.000 пациенти се излечиле.

Државата Сао Пауло и понатаму е епицентар на епидемијата во Бразил, вклучувајќи го истоимениот главен град, каде живеат повеќе од 21 милион луѓе.

Растот на бројот на заразени е забележан и во соседната држава Рио де Жанеиро и североисточна Сеара.

Бразил, каде првиот случај на коронавирус беше потврден на 26 февруари, е на второ место во светот, по САД, и по бројот на заболени и по бројот на починати од коронавирус.

The post Пандемијата во Бразил не се смирува: Над 30.000 нови случаи, починаа 552 лица appeared first on Слободен печат.


Пандемијата во Бразил не се смирува: Над 30.000 нови случаи, починаа 552 лица was first posted on јуни 29, 2020 at 8:24 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....