23:31 - 6 јули, 2026

Огромен прекин на апликацијата „Месинџер“ на „Фејсбук“: Илјадници корисници пријавуваат проблеми

unsplash

Социјалната мрежа „Фејсбук“ чија најчесто користена апикација е „Месинџер“ моментално не функционира во повеќе земји во Европа и кај нас.

Корисниците не можат да пристапат до услугата и се соочуваат со фрустрирачки ден бидејќи апликацијата едноставно е прекината и не работи. Техничките проблеми се чини дека започнаа околу 10 часот утрово оставајќи илјадници гневни корисници кои не можат да пристапат до своите приватни разговори.

Податоците од независната веб страница „DownDetector’“, која го следи статусот на серверот на мрежни услуги засновани на споменувања низ социјалните медиуми, покажуваат илјадници корисници на „Месинџер“ кои не можат да пристапат до нивната апликација повеќе од два часа.

Корисниците на популарната апликација се жалат дека не можат да се најават, да испраќаат пораки или да примаат онлајн повици, речиси на сите им покажува дека имаат проблеми со Интернет.

Се чини дека повеќето од проблемите се однесуваат на корисници од Европа. Меѓу погодените земји покрај нашата држава се и Велика Британија, Франција и Белгија. А веќе реагираат и од Полска велејќи дека големи области од нивната држава се погодени од истите проблеми со „Месинџер“.

Во моментов никој не знае што ги предизвикува проблемите или кога ќе бидат поправени.

Преземено од Слободен Печат.

Слични објави

Дали ова ќе биде сон што ќе згасне? Марко Пејчиновски објави дека можеби ќе престане да плива

Еспресо

Шпанија ја посетиле рекордни 10 милиони туристи во мај, потрошиле 13,5 милијарди евра!

Еспресо

Дневен хороскоп за 17 јуни: Размислете добро пред да донесете одлука

E.A.

Пеколен крај на мај во Европа: Паѓаат рекорди, температурите одат и до 40 степени

Т.Ц.

(Фото) Познато е кој ќе ја наследи Ана Винтур во „Вог“: Таа е ќерка на холивудски ѕвезди

Еспресо

(Видео) Славниот рапер уапсен, се шетал по гаќи среде улица: Се конфронтирал со полицијата

apostolova
Се вчитува....