14.8 C
Скопје
14:46 - 17 октомври, 2026

ФОТО |Таа е главна, ги држи сите конци: Водителот Огнен Амиџиќ прозборе за бракот со Македонката Данијела!

Популарниот српски ТВ водител Огњен Амиџиќ е горд на љубовта што ја негува кон неговата сопруга Данијела Димитровска која има македонско потекло, но сепак открива дека убавата манекенка е таа што му дава стабилност на бракот и ги држи сите конци во нејзините раце.

– Мислам дека жената отсекогаш била столб на семејството. Не без маж, но сепак таа е некој што ги чува работите да останат заедно и  е столб на стабилноста. Едноставно мислам дека на жените тоа им е во гените. Секако, и помагам, но нејзиниот став, сила и посветеност сепак ставаат сè на прво место, а јас сум тука за тоа да го поддржам, одржам и да и помогнам во сето тоа – посочува Огњен, откривајќи што е според него рецепт за среќен брак.

Данијела Димитровска/Инстаграм

– Кога ќе ја пронајдете вистинската личност, тоа е рецепт само по себе, затоа и нема кризи во нашиот брак. Сепак, сè што се случува во животот не може секогаш да оди во вистинска насока, има подеми и падови, но ако вистинската личност е до вас, тогаш според приоритетот и разбирањето за сè, работите сами се решаваат. Ако станува збор за личност со која можете да функционирате, со која сте направиле сè и кон која чувствувате нешто, тоа е автоматски приоритет, а сè друго доаѓа на свое.

Данијела Димитровска/Инстаграм

Огњен исто така се сети како се запознале тој и неговата сегашна сопруга.

– Данијела и јас се запознавме во емисја и таа ми остави фантастичен впечаток. Јас не сум класичен романтичар во однос на цвеќе и појадокот во кревет, но тоа го покажувам на мој начин. Секако, сакам да ја изненадам со подарок, иако Даниела реагира многу повеќе на оние работи што не се материјални – изјавил водителот за Супер ТВ.

Слични објави

Марија и Бојан од „Ај кју“ брзо ќе станат родители: Со мојата љубов и нашето бебе

Еспресо

(Фото) Трпезариските маси на Wood room сега се достапни по набавни цени

apostolova

„Почивај во мир, ангелу македонски“: Перо Камиказа откри како Тоше Проески му дошол дома и ги пеел песните на „Меморија“

К.С.

Го започнувате и завршувате денот со социјалните мрежи? Психотерапевтите предупредуваат на последиците по менталното здравје

К.С.

Јаде пет пати дневно, а слабее: Ова е режимот на исхрана со кој Душица Јаковљевиќ ослабе девет килограми

Е.А.

(Фото+видео) Адриан Гаџа сподели емотивни моменти со петмесечниот син

Еспресо
Се вчитува....