23.8 C
Скопје
12:50 - 29 април, 2024

Ограничената слобода на движење го крена народот ширум Европа на нозе (ФОТО+ВИДЕО)

Во поголем број европски градови денеска се одржаа протести поради рестриктивните мерки воведени поради епидемијата со Ковид-19.

Во Германија граѓаните воглавно протестираа поради рестриктивните мерки, но имаше и демонстрации на така наречените теоретичари на завера, противниците на вакцините, екстремните левичари и ултрадесничари.

Демонстранти во Штудгард протестираат против ограничувањата воведени поради коронавирусот Фото: EPA-EFE/RONALD WITTEK

Протести имаше во Берлин, Минхен, Штутгарт и во Хамбург, каде полицијата употреби солзавец за да ги раздели 800-те левичари и десничари, а приведени се неколку лица.

Во Варшава се одржа протест на работодавачите поради рестриктивните мерки.

Простести во Варшава поради коронавирусот Фото: EPA-EFE/MARCIN OBARA POLAND OUT

Словачката полиција приведе десетина лица, меѓу кои и еден опозициски сенатор, а употреби и солзавец. Протестот не беше дозволен.

Во Хајд парк во Лондон се одржа протест против карантинот, но и вакцините.

Апсење демонстранти во Лондонд Фото: Твитер

Скотланд јард соопшти дека се уапсени 13 лица, меѓу кои и Пирс Корбин, брат на поранешниот претседател на Лабуристичката партија.

Демонстрантите тврдат дека им е загрозена слободата на говор и на движење, но извикуваа и пароли против 5Г мрежата и обврзната вакцинација.

The post Ограничената слобода на движење го крена народот ширум Европа на нозе (ФОТО+ВИДЕО) appeared first on Слободен печат.


Ограничената слобода на движење го крена народот ширум Европа на нозе (ФОТО+ВИДЕО) was first posted on мај 16, 2020 at 9:04 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....