18.8 C
Скопје
16:03 - 3 мај, 2024

Новинарот Михајловски до Мицкоски: Како не ти е срам да го споменуваш Никола Младенов во предизборна кампања?

Вчерашната изјава на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на предизборниот настап во Кочани во којашто тој рече дека СДСМ ветувале правда и мир, а донеле само немир во душите на семејствата на на убиените во Смилковско Езеро, „Диво Насеље“ и притоа ја спомена трагичната смрт на новинарот Никола Младенов, предизвика остри критики во јавноста.

Новинарот Горан Михајловски со свој статус на Фејсбук го праша Мицкоски: Како не ти е срам да го споменуваш Никола Младенов во предизборна кампања?

-Со кое лице му го изговараш името? На неговата слава ли ќе собираш гласови? На сообраќајката што се случи помеѓу два изборни круга на избори што ги организираше твојата партија? Наместо да прашуваш „До каде е случајот со Никола Младенов“, прашај до каде е случајот со нелегалното масовно прислушување. Во папката со прислушуваните разговори од мојот мобилен телефон си ги најдов и муабетите со Никола. Уште чекам да се појавам како сведок на суд да ја потврдам автентичноста на разговорите во кои со него другарски си ги споделувавме сомнежите и стравувањата од владеењето на твојата партија. Оти не беше само телефонското прислушување. Ако веќе те интересира под кои околности загина Никола тогаш зошто твојата партија со сите средства ја попречува правдата да се открие кој го нареди масовното прислушување и следењето на новинари во времето кога бевте на власт. Вистинското прашање е: Зошто сте го следеле и Никола? Одговорот побарај си го кога следниот пат ќе одиш за Будимпешта, напиша Михаловски.

 

 

The post Новинарот Михајловски до Мицкоски: Како не ти е срам да го споменуваш Никола Младенов во предизборна кампања? appeared first on Слободен печат.


Новинарот Михајловски до Мицкоски: Како не ти е срам да го споменуваш Никола Младенов во предизборна кампања? was first posted on јуни 28, 2020 at 3:40 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....