19.8 C
Скопје
16:56 - 3 мај, 2024

Коронавирусот и бременоста: Сè што е важно да се знае

Бременоста е сензитивен период за секоја жена. Благослов, кој претпочита внимателност за животот во Вас. Во текот на светската пандемија од ковид-19 здравствените лица споделуваат препораки, кои ќе ја зголемат безбедноста за Вашето здравје.

Поради промените што се случуваат во телото и во имунолошкиот систем, бремените жени можат да развијат инфекции на дишните патишта, различни од ковид-19. Бремените жени кои имаат хронични заболувања на респираторниот систем, висок крвен притисок или дијабетес, имаат поголем ризик од ова заболување. Затоа е важно да ги преземат сите потребни мерки за заштита од пандемиската инфекција. Навременото јавување кај својот матичен лекар доколку имаат некои од симптомите вклучувајќи треска, покачена телесна температура над 37,5 степени Целзиусови, сува кашлица или потешкотии при дишењето – може да спаси живот.

Медицинските истражувања говорат, досега коронавирусот не е пронајден во примероци од плодовата вода или во мајчиното млеко. Нема откритија дека ковид-19 ги зголемува ризиците од аномалии на плодот. Во текот на оваа состојба, сите жени вклучувајќи ги жените кои се позитивни на ковид-19, имаат право на пристап до високо квалитетна здравствена заштита за време на бременоста и породувањето.

Квалитетната и безбедна здравствена заштита подразбира:

– Жената да биде третирана со почит и достоинство,

– Да има право на придружба при користењето на здравствената заштита по нејзин избор,

– Јасна комуникација од страна на здравствените работници,

– Обезбедување адекватен третман при породувањето,

– Соодветна подготовка за породување.

Пред контролата за бременоста, пожелно е бремените жени да се јават кај својот гинеколог да закажат термин, со цел да ја избегнат гужвата во чекалните. Доколку жената има некои од симптомите или на тестот има позитивен резултат на ковид-19, за тоа треба веднаш да го извести матичниот гинеколог за тој да ги преземе сите потребни мерки за заштита на персоналот и останатите пациенти.

Кога бремените жени одат на контрола за бременоста потребно е темелно да ги измијат рацете. Во чекалната во амбулантата да држат дистанца од другите лица најмалку 2 метри, а воедно да ги измијат или дезинфицираат рацете при напуштање на амбулантата. Доколку жената има некои од симптомите за ковид-19 треба да носи маска на устата и носот.

Инфекцијата со ковид-19 сама по себе не е индикација за породување со царски рез. За начинот на породување секоја жена има индивидуален пристап. Доколку жената е инфицирана со ковид-19, медицинскиот тим во договор со неа ќе одлучи на кој начин ќе заврши породувањето.

Слични објави

Велики петок: Што (не)треба да се прави на овој ден

еспресо

Велики четврток: Што (не)треба да правите на овој ден

еспресо

Кога да ги миете прозорците пред Велигден: Не пропуштајте го овој ден

еспресо

Велика среда: Што (не)треба да се прави на овој ден

еспресо

Велики вторник: Што (не)треба да правите на овој ден

еспресо

Велигденско јајце-чувар на домот: Што да направиме со стариот чувар на куќата кога вапсаме ново „прво јајце“

еспресо
Се вчитува....