8.8 C
Скопје
09:17 - 18 април, 2024

Научници влегоа во трага на коронавирусот: Не потекнува од Вухан, ниту од лабораторијата

Коронавирусот кој се прошири низ целиот свет можеби првиот пат бил пренесен на луѓето во јужна Кина, а не во градот Вухан кој се смета како изворот на заразата. Тоа го покажала новата студија која се спротиставува со нашироко прифатените теории за потеклото на пандемијата.

Мапирајќи ја „мрежата“ на геномите на коронавирусот и следејќи ги мутациите за тоа време, тим на истражувачи предводени од генетичарите од Универзитетот Кембриџ утврдиле дека првата инфекција од Ковид-19 можеби се случила уште во септември, во регион јужно од Вухан. Во студијата се нагласува дека човекот можел да го носи патогенот многу време пред тој да мутира во смртоносниот облик.

– Вирусот можеби пред неколку месеци мутираше во конечниот облик, но останал во лилјакот или друго животно, па дури и во човекот неколку месеци, без да инфицира други поединци, рекол генетичарот Питер Форстер за „Саут Чајна морнинг пост“.

Како што се наведува, вирусот почнал да се шири меѓу луѓето некаде помеѓу 13 септември и 7 декември, создавајќи мрежа која е претставена во студијата.

Иако се верува дека вирусот преминал од лилјак на друго животно, па потоа на луѓето, новите истражувања би можеле да ги поништат главните идеи. Првобитните теории покажаа дека пренесувањето на вирусот врз луѓето се случило на пазарот во Вухан, но новата студија го донесе тоа во прашање, сугерирајќи дека Ковид-19 потекнува јужно од кинескиот град.

– Ако морам да дадам одговор, би рекол дека вирусот почна да се шири од југот во Кина, а не од Вухан, наведе Форстер.

Сепак, се би морало да се провери со додатни анализи на лилјаците или други потенцијални животни домаќини, како и примероците на ткива на првите пациенти, додаде тој, пренесува РТ.

– Но ова е најдобрата претпоставка која можеме да ја направиме во овој момент, чекајќи додатна анализа на понатамошни примероци од пациентите од болницата, наведе тој во друго интервју за Њузвик.

Како што кружат прашања околу потеклото на пандемијата, бројни контроверзии се истакнаа, а неколку водечки американски медиуми оваа недела се занимаваа со темата дека вирусот можеби излегол од лабораторијата за вирологија во Вухан. Иако претседателот на САД не го усвои тоа тврдење официјално, рече дека Белата куќа размислува за таа идеја, додека истовремено го обвини Пекинг за глобалната здравствена криза.

The post Научници влегоа во трага на коронавирусот: Не потекнува од Вухан, ниту од лабораторијата appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....