13.8 C
Скопје
00:03 - 3 мај, 2024

Научници од Австралија тврдат дека откриле потенцијално ефикасен третман за коронавирусот

Тим австралиски истражувачи тврди дека пронашле лек за новиот коронавирус и се надеваат дека до крајот на месецот ќе го тестираат на пациентите во својата земја.

Професор Дејвид Патерсон од Центарот за клинички истражувања на Универзитетот во Квинсленд изјави дека научниците утврдиле дека два медикамента можат да го победат Сарс-КоВ-2 во епрувета.

Тој тврди дека еден овие лекови им биле дадени на првите луѓе кои биле позитивни на Ковид-19 во Австралија, што резултирало со „исчезнување на вирусот” и целосно заздравување од инфекцијата.

– Ова е потенцијално ефикасен третман. Пациентите кои го примија, го уништија коронавирусот во своето тело по завршување на терапијата, посочи проф. Патерсон.

Тој додаде дека двата лека се регистрирани и достапни во Австралија.

– Тоа што сега сакаме да го направиме е големо клиничко истражување ширум Австралија, во 50 болници, при што ќе ја споредиме ефикасноста на еден лек со ефикасноста на другиот и ефикасноста на комбинацијата. Пациентите покажаа голема толеранција на лековите и не постојат неочекувани нуспојави, посочи проф. Патерсон.

Тој се надева дека со тестирање на пациените ќе се почне на крајот од месецот.

Еден од двата лека е медикамент што се користи за лекување на ХИВ, а другиот е против маларија и се нарекува клорокин.

– Некои пациенти веќе се лекувани со овие лекови во Австралија и тоа се покажа успешно, но тоа уште не е потврдено во контролирани и компаративнии услови… Нашите лекари беа многу изненадени што лек за ХИВ функционира во борба против коронавирусот, па беа скептични. Првиот бран кинески пациенти во Австралија оздравеа по употреба на овие лекови, што ни покажа дека имаме нешто со што можеме да работиме, наведе проф. Патерсон.

Во моментот се собираат средства за клиничко испитување на овие лекови и други сродни истражувања, а досега се собрани 30.000 од потребните 750.000 австралиски долари.

The post Научници од Австралија тврдат дека откриле потенцијално ефикасен третман за коронавирусот appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....