17.8 C
Скопје
21:16 - 1 мај, 2024

Макрон: Брегзит е „историски алармен сигнал” кој треба да ја принуди ЕУ да се поправи

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека и покрај тоа што Париз сака да одржи цврски односи со Лондон по Брегзит, Велика Британија не може да очекува дека ќе биде третирана на ист начин како и кога беше дел од ЕУ.

– Не можете да бидете и внатре и надвор. Британскиот народ избра да ја напушти Европската унија. Нема да имате исти обврски, но нема да имате ниту исти права, истакна синоќа Макрон во телевизиското обраќање до нацијата по повод излезот на Велика Британија од Унијата.

Тој нагласи дека во идните преговори околу односите на Британија и ЕУ ќе ги штити интересите на француските работници, рибари и земјоделци.

– И во тие преговори ќе бидеме сложни, ние сите 27 членки, нагласи францускиот претседател.

Макрон го нарече Брегзит „шок” и „историски алармен сигнал”, кој треба да ја принуди ЕУ да се поправи.

Тој повика на воспоставување „појасен европски проект”, кој ќе биде поедноставен за граѓаните на ЕУ.

– Ова е тажен ден, тоа не можеме да го скриеме, но исто така и ден кој треба да не наведе да работиме поинаку, порача Макрон.

The post Макрон: Брегзит е „историски алармен сигнал” кој треба да ја принуди ЕУ да се поправи appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....