16.8 C
Скопје
09:52 - 2 мај, 2024

Коронавирусот ја опустоши Москва, па се префрли на поодалечените места во Русија (ВИДЕО)

Русија во текот на оваа недела стана втора земја на светот по бројот на потврдени случаи на зараза со овој вид на коронавирус, според податоците на Универзитетот Џонс Хопкинс.

Најтешко е погодена руската престолнина. Од вкупно 281.752 случаи во Русија, повеќе од половина (142.824) се регистрирани во Москва.

Но, вирусот сега почна да се шири и по другите руски региони, односно по целата огромна копнена површина која покрина 11 временски зони и вклучува и некои од најоддалечените и најсиромашни места на Земјата.

Погреб на жртви од коронавирус на Гробиштата Бутовски во Москва /15 мај 2020, Москва, Русија / Фото: EPA-EFE/Zykov Kirill / Moscow News Agency Handout MANDATORY CREDIT / HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Рускиот претседател Владимир Путин рече во понеделникот во текот на видеоконференцијата со 85 регионални челници дека одлуката за ублажувањето на мерки ќе биде нивна, објави Си Ен Ен.

„Имаме голема земја. Епидемиолошката ситуација варира по региони. Тоа го зедовме во предвид и претходно, но сега треба да се дејствува уште поодредено и повнимателно“, рече тој.

Необичен размер на заразени и починати
Лица гледаат во фотографиите на починати руски лекари од ковид-19 истакнати пред центарот за здравје во Санкт Петерзбург / 11 мај 2020, Русија / Фото: EPA-EFE/ANATOLY MALTSEV
Руската потпретседателка на Владата Татјана Голикова изјави оваа недела дека руската влада не манипулирала со статистиките, но дека податоците за смртноста од ковид-19 во Русија почнаа да привлекуваат внимание. Имено, аналитичарите забележале сразмерно понизок број на смртни случаи (2.631) во однос на големиот број заразени.

Во Москва здравствените работните соопштија дека податоците за ковид-19 се „апсолутно отворени и достапни“. Но градското Одделение за здравство призна дека се бројат само оние смртни случаи за кои по пат на обдукција е утврдено дека се предизвикани од новиот вид коронавирус.

Сепак, Москва на многу начини е многу подобро опремена за соочување со пандемијата за разлика од другите, сиромашни региони на Русија.

 Минатата недела се отвори привремена болница на саемот Крокус во Москва, со капацитет за 1,000 пациенти / 11 мај 2020, Москва, Русија / EPA-EFE/SERGEI CHIRIKOV

Руската новинарка Ирина Шикман на ЈуТјуб објави приказна за својата посета на локалната клиника која се наоѓа во градот Ивантејевка, оддалечен од Москва 10 километри.

На снимките се гледа како на ѕидовите од клиниката се лупи бојата и дека условите на здравствениот систем се разликуваат меѓу главниот град и другите региони.

Исто така, низа сомнителни настани се случија периодов, откако руски доктори се пожалија на условите за работа, односно три лекари мистериозно паднаа од прозори во болниците.

Погледнете ја целата репортажа на новинарката Ирина Шикман за состојбата со коронавирусот во Русија:

The post Коронавирусот ја опустоши Москва, па се префрли на поодалечените места во Русија (ВИДЕО) appeared first on Слободен печат.


Коронавирусот ја опустоши Москва, па се префрли на поодалечените места во Русија (ВИДЕО) was first posted on мај 17, 2020 at 4:49 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....