14.8 C
Скопје
11:07 - 26 април, 2024

КОРОНАВИРУС: Дали е безбедно и кои ризици ги носат јавниот превоз и другите видови на транспорт?

Kоронавирусот продолжува да се шири, па некои влади го ограничија патувањето додека на други места, поединечни патници преземаат сопствени мерки на претпазливост.

Постојано се вртат прашања за тоа дали е безбедно да се лета, да се оди на крстарење или да се качите на јавен превоз.

Возови и автобуси

Според Би-Би-Си, коронавирусот веројатно не виси наоколу во воздухот на ист начин како што тоа го прави грипот, така што, луѓето треба да бидат во поблизок контакт едни со други за да го фатат.

Во метрото во Лондон, каде има поголем метеж од луѓе во секоја од кабините, повеќето истражувања покажаа дека има поврзаност помеѓу тој вид на патување и шансата да се фати респираторна болест.

Фото: Профимедиа

Докторката Лара Гоце, од Институтот за Глобално Здравје, вели дека нејзиното истражување покажало дека луѓето кои постојано го користат метрото имаат поголема шанса да покажат симптоми на грип.

Сепак, ако патувате со релативно празен воз или автобус, ризиците се различно. Колку добра вентилација имаат и колку долго сте на нив, како и нивната хигиена исто така играат улога.

Д-р. Гоце вели дека „лимитирање на бројот на близок контакт со потенцијално заболени лица е важно“.

„Во поглед на патување, избегнувајте го времето кога има голем метеж“, вели таа посочувајќи дека патниците треба да бираат рути до кои би стигнале со само еден вид на транспорт.

Авиони

Познато верување е дека поголема е шансата да се разболите во авион, бидејќи дишете „стоен“ воздух. Но, факт е дека воздухот во авионот може да биде од подобар квалитет (и дури сигурно подобар од воз и автобус).

Иако, има повеќе луѓе на полн авион, отколку на другите видови на превоз, воздухот се менува со побрзо темпо.

Инфекции како коронавирусот, покрај нивно вдишување преку кашлица или кивање, може да бидат пренесени преку допирање на заразени површини со инфекции на нив.

Вики Херцберг, од Емори Универзитетот во САД, земала примероци од 10 авиони во 2018 година и открила дека би изгледале исти како од „вашата дневна соба“. Со други зборови, нема ништо посебно во примероците од авионот кога ќе се споредат со тестовите што биле направени на други видови од транспорт.

Но, тешко е да се генерализира за ризиците на било каква форма на транспорт бидејќи има повеќе фактори кои го зголемуваат или намалуваат ризикот. Пример, на долго патување со авион патниците може да се движат наоколу повеќе и ако го имаат вирусот, да ризикуваат да го прошират.

Од СЗО велат дека најголем ризик се двата реда пред, позади и до заразена личност.

Крузери

Крузерите станаа фокус на вниманието откако патниците на „Дајмонд Принцес“ крузерот во Јапонија беа ставени во карантин во февруари.

Крузерите содржат голем број на луѓе кои се мешаат во ограничен простор за релативно долг период кога би се споредиле со авион.

Фото: EPA-EFE/JIJI PRESS

Професорот Кингјан Чен од Пурду Универзитетот вели дека „стандард во крузерите е да го мешаат воздухот од системите за климатизација со надворешниот воздух за да се зачува енергија.

„Проблемот со овие системи е што не можат да ги филтрираат честичките помали од 5,000 нанометри“.

Професорот Чен верува дека крузерите можат да го намалат овој проблем со користење на надворешниот воздух и да не го ре-циркулираат.

 

The post КОРОНАВИРУС: Дали е безбедно и кои ризици ги носат јавниот превоз и другите видови на транспорт? appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....