6.8 C
Скопје
02:56 - 28 април, 2024

Короната се заканува да ја „збрише“ оваа земја: Децата не се вакцинирани, милиони бездомници, а оброк само еднаш во денот (ВИДЕО)

Влијанието на коронавирусот врз Јемен ќе биде погубно по долгогодишната граѓанска војна, изјави шефот на Високиот комесаријат на ОН за бегалци (УНХЦР) во земјата за Скај њуз. Говорејќи од јеменската престолнина Сана, Жон Николас Буз рече дека бројот на заболени од коронавирусот во земјата рапидно се зголемува, а во исто време, меѓународните агенции за помош се принудени да ги напуштат критичните програми.

-Коронавирусот може да биде сламка што ќе го скрши  ‘рбетот на камилата во Јемен-рече Буз. Тој додаде дека ситуацијата е исклучително тешка за здравствените службеници да го следат ширењето на вирусот, и покрај сите напори.

Немаат доволно тестови

– Немаме доволно тестови. Половина од здравствените установи се уништени во претгодишниот конфликт. Луѓето умираат од многу други причини како што се маларија, колера – додаде тој.

Предупредувањето на ОН уследи откако Скај њуз сними видео во јужниот град Аден на кој се прикажани редови  гробови, додека владата се бори со зголемениот број на починати.

Бројни болести се веќе ендемски во Јемен, а годините на граѓанската војна раселија милиони. На повеќе од 24 милиони луѓе во Јемен, што е околу 80 проценти од вкупното население, им е потребна хуманитарна помош. Половина од здравствените установи во земјава се нефункционални, а скоро четвртина од областите во земјава немаат доктори.

– Знаеме дека имунитетот кај населението е многу низок, зборуваме за луѓе кои можеби јадат еднаш во денот. Зборуваме за деца кои не се вакцинирани, зборуваме за луѓе кои ги напуштиле своите домови затоа што нивните куќи биле гранатирани или бомбардирани и заради тоа немаат елементарни услови за живот- истакна Буз.

Сепак, како што вели, токму во време кога е потребна итна дополнителна помош, донаторските земји ги намалуваат средствата.

– На сите хуманитарни партнери овде им недостасува критично финансирање. УНХЦР за неколку дена ќе затвори голем број на животни програми. Па така, ќе оставиме 3,6 милиони внатрешно раселени лица и 280.000 бегалци без било каква форма на помош. Тоа е живот и смртна состојба за нив – додаде шефот.

Глобалните ограничувања поради коронавирусот го оневозможуваат одењето во Јемен, така што ситуацијата не може да се види од прва рака, но може да се заклучи од снимките на социјалните мрежи и локалните ТВ-станици.

 

 

 

The post Короната се заканува да ја „збрише“ оваа земја: Децата не се вакцинирани, милиони бездомници, а оброк само еднаш во денот (ВИДЕО) appeared first on Слободен печат.


Короната се заканува да ја „збрише“ оваа земја: Децата не се вакцинирани, милиони бездомници, а оброк само еднаш во денот (ВИДЕО) was first posted on мај 18, 2020 at 9:28 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....