10.8 C
Скопје
19:40 - 25 април, 2024

Кој стои зад надежната „Пфајзер“ вакцина против коронавирусот? Угур Шахин и Озлем Туречи, од мигранти до милијардери

Минатиот јануари, Угур Шахин прочитал научна статија за пандемијата во Кина предизвикана од новиот коронавирус, во градот Вухан, која тогаш имаше потенцијал да стане глобална. Разговарал за тоа со неговата сопруга Озлем Туречи и заедно решиле да одвојат голем дел од ресурсите на нивната биотехнолошка компанија во Германија, БиоНТех, за да се обидат да развијат вакцина од следната генерација против овој вирус.

Во следните месеци започнале тесна соработка со американската фармацевтска компанија Пфајзер, која завчера ги објави првите резултати за вакцината, за која се смета дека ветува дека ќе го забави ширењето на сегашната пандемија.

Вакцината се покажала поефикасна отколку што се очекувало во нејзината експериментална фаза, а тоа е пред сè благодарение на знаењето и трудот што го вложија Шахин и Туречи не само во овие месеци, туку откако почнале да размислуваат да бидат лекари и да се занимаваат со биотехнологија.

Угур Шахин има 55 години, роден е во Александрета (Искендерун), град во јужна Турција и важно пристаниште на Средоземното Море. Кон крајот на 1960., неговото семејство мигрирало во Германија во потрага по подобри економски можности. Таткото на Шахин нашол работа во Келн во фабрика на автомобилската компанија Форд, и така успеал економски да помогне во школувањето на неговиот син кој од дете сакал да стане лекар.

profimedia

По завршувањето на факултетот за медицина, Шахин извесно време работел во неколку болници во Келн, а подоцна се преселил во Хамбург, каде што ја запознал Озлем Туречи која почнала да ја гради својата универзитетска кариера.

Озлем Туречи (53) е родена во Долна Саксонија во семејство со турско потекло. Нејзиниот татко бил лекар, што ја навело да го следи истиот пат, а потоа специјализирала имунологија.

Шахин и Туречи ја делат истата страст за истражување: како што раскажа самата Туречи во едно интервју, дури и на денот на нивната венчавка во 2002 година тие, сепак, нашле време неколку часа да поминат во лабораторија за да ги спроведат своите експерименти. Една година претходно, двајцата ја основале „Ганимед Фармацевтикалс“, биотехнолошка компанија основана за развој на нова генерација на лекови против рак, заснована на идејата за искористување на имунолошкиот систем за да се натера да се бори против клетките на ракот. Нивната компанија добила средства од разни инвеститори и во 2016 година била продадена на јапонската мултинационална фармацевтска компанија „Астелас“ за околу 1,4 милијарди долари, додека Шахин и Туречи започнале да работат на основање на нова компанија „БиоНТех“, посветена на понатамошно проширување на истражувањата во областа на имунотерапијата против рак.

instagram

Со текот на годините, компанијата се специјализира во производство на синтетички форми на mRNA – тогаш создадени во лабораторија – кои содржат упатства за производство на одредени специфични протеини, кои имунолошкиот систем потоа учи да ги препознава и да им се спротивставува. Овие протеини можат да бидат типични за некои клетки на ракот или за надворешни агенси како што се вируси и бактерии.

Кога Шахин и Туречи во јануари ги забележале првите информации за новиот коронавирус, помислиле дека можат да го искористат знаењето стекнато со експериментите спроведени во BioNTech за производство на вакцина од новата генерација заснована на mRNA. На оваа иницијатива вклучиле околу 500 вработени во нивната компанија, како дел од проектот амбициозно наречен „Брзина на светлината“, за да се сигнализира потребата за брзо изнаоѓање на решение против коронавирусот.

Проектот барал повеќе ресурси и пред сè компании кои имаат можност да произведат десетици милиони дози за кратко време, во случај новата вакцина да се покаже ефикасна.

Уште во март, BioNTech склучил договор со Pfizer да соработува во развојот на експерименталната вакцина, како и со кинеската фармацевтска компанија Fosun Pharmaceuticals. Во следните месеци, вакцината од BioNTech и Pfizer се покажала како една меѓу најперспективните од десетиците во развој, а првичните резултати објавени завчера за напредокот на последната фаза (од вкупно 3 фази) од експериментот што сè уште е во тек, се чини дека го потврдуваат ова. Едноставно кажано, вакцината содржи низи на mRNA со упатства да се направат некои протеини специфични за коронавирусите, но безопасни во отсуство на вистински вирус. Телото ги произведува и имунолошкиот систем учи да ги препознава и да им се спротивстави, а потоа ја задржува нивната меморија со цел да ги нападне во случај на последователна инфекција со коронавирус.

До денес, ниту еден производ базиран на mRNA никогаш не бил пласиран во продажба, и поради оваа причина во последниве месеци се појавиле сомнежи во врска со овој пристап во споредба со потрадиционалните за развој на вакцини. Сепак, Pfizer и BioNTech не се единствените компании кои експериментираат со вакво решение: меѓу ветувачките експериментални вакцини постои и слична, развиена од американската компанија за биотехнологија Moderna.

За новинската агенција Ројтерс, Шахин објасни дека е оптимист по објавувањето на првите податоци, додавајќи дека кога ја започнала иницијативата со Туречи немала поим колку ќе беше тешко и сложено да се донесе работно решение.

Дваесет години по основањето на BioNTech, Шахин и Туречи се меѓу стоте најбогати луѓе во Германија, според рангирањето објавено од неделникот Welt am Sonntag. Пазарната вредност на нивната компанија скокна од 4,6 милијарди долари минатата година на 21 милијарда долари на крајот на минатата недела. По објавувањето на прелиминарните резултати од фазата 3 на вакцината, вредноста на акциите на BioNTech на берзата се зголеми за 14 проценти, додека Pfizer забележа зголемување од 7,7 проценти.

Преземено од Слободен печат

The post Кој стои зад надежната „Пфајзер“ вакцина против коронавирусот? Угур Шахин и Озлем Туречи, од мигранти до милијардери appeared first on Слободен печат.


Кој стои зад надежната „Пфајзер“ вакцина против коронавирусот? Угур Шахин и Озлем Туречи, од мигранти до милијардери was first posted on ноември 11, 2020 at 10:30 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....