26.8 C
Скопје
15:16 - 6 мај, 2024

Кој сака да влезе во Хрватска ќе мора да има тест на увид: Тестовите за коронавирусот не смеат да бидат постари од 24 часа

Сите лица кои сакаат да влезат во Хрватска од сега ќе мораат да имаат потврда дека се тестирани на коронавирусот, рекла директорката на Клиниката за инфективни болести „Д-р Фран Михалјевиќ“ Алемка Маркотиќ.

Таа истакнала дека тестот не смее да биде постар од 24 часа.

– Сите кои ќе сакаат да влезат во Хрватска ќе мораат да направат тест во својата земја кој не смее да биде постар од 24 часа. Само со таа потврда ќе можат да влезат во земјата. Тоа е осигурување. Тестот дава сигурност, но не е 100 посто сигурен па мораме да бидеме внимателни, рекла Маркотиќ за ХРТ.

Истото го потврдил и директорот на хрватскиот завод за јавно здравје, Крунослав Цапак, гостувајќи во Нова ТВ.

– Ние одамна воведовме мерка дека тие што доаѓаат во земјата мораат да одат во самоизолација на 14 дена. Се покажа дека оние кои работат во пограничните подрачја бараат да се прекине самоизолацијата и тоа го правевме некое време. Тоа се покажа комплицирано, па воведовме дека можат да дојдат на 72 часа. За продолжениот викенд во Хрватска влегле повеќе од 2.000 луѓе. Сега секој ќе мора да има потврда дека направил тест на вирусот и само со помош на таква потврда ќе можат да влезат во Хрватска, рекол Цапак.

Министерот за здравство на Хрватска, Вили Берош, претходно кажал дека лицата кои влегле во Хрватска за време на продолжениот викенд оствариле контакти и на тој начин допринеле кон ширење на заразата.

The post Кој сака да влезе во Хрватска ќе мора да има тест на увид: Тестовите за коронавирусот не смеат да бидат постари од 24 часа appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....