17.8 C
Скопје
11:47 - 3 мај, 2024

Кој е канаѓанецот Габриел Вортман кој ладнокрвно уби 16 лица?

Канаѓанецот Габриел Вортман (51), поранешен стоматолошки протетичар во повеќе клиники во Канада уште како дете бил опседнат со работата на полицијата, па постојано купувал опрема за спроведување на законот.

Тој е застрелан денеска од полицијата откако усмрти најмалку 16 лица на повеќе локации во провинцијата Нова Шкотска, а нападот траел цели 12 часа.

Неговиот смртоносен поход е најголемото масовно пукање во историјата на Канада.

Вортман бил облечен во полициска униформа и употребил полициски автомобил. Канадските медиуми објавија дека напаѓачот прво ја убил својата поранешна сопруга и нејзиниот партнер, а потоа продолжил серија убиства.

Автомобилот на убиецот / Фото: EPA-EFE/RCMP HALIFAX HANDOUT

Вортман поседувал Клиника за протетика и се појавил во медиумите во 2014 година кога донирал протеза на човек кој ја загуби за време на третманот со карцином.

Неговите соседи во изјава за „The Globe and Mail“ рекле дека Вортман се борел со алкохолизмот и дека неговата работа била во прекин поради пандемијата со Ковид-19.

The post Кој е канаѓанецот Габриел Вортман кој ладнокрвно уби 16 лица? appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....