11.8 C
Скопје
09:34 - 4 мај, 2024

Како засега изгледа пакетот економски мерки: Помошта од 14.500 денари е за да секој добие плата

Многу нејаснотии произлегуваа од презентираните економски мерки за справување со последиците од здравствената криза. За дел од забуните што се јавија придонесоа и различни недоречени, па и контрадикторни изјави на претставниците од Владата, за дел од мерките и самите креатори не беа на чисто како тие ќе функционираат, а многу работи се решаваа и менуваа во од, под притисок на стопанственците, па така се носеа уредби за измени на уредби, па дури и уредби за укинување на уредби.

Засега работите вака стојат: Централна мерка на економскиот пакет е финансиската поддршка од 14.500 денари која работодавачите кои имаат потешкотии, како и оние што не работеле, треба да ја искористат, за да им исплатат плати на работниците.  Износот до 14.500 денари што се добива не е нето-плата доделена од државата.

Не е важна дејноста

Помошта за плата не е наменета само за угостителството, транспортот и туризмот, како што многумина ја толкуваа, туку за секоја компанија, независно од дејноста. Таа е наменета за фирми, но и за занаетчии, како и трговци-поединци и самостојни вршители на дејноста.

Министерката за финансии Нина Ангеловска објасни дека сите компании што ги исполнуваат условите до 5 мај треба да поднесат барање во кое ќе го наведат секој работник поединечно, затоа што за оние со плати поголеми од 39.900 денари, и за оние за кои се користат ослободувањата од придонеси и данок од проектот „Македонија вработува“, државната помош не важи.

– Ако бруто –платата на работникот му е 30.000 денари, со оваа финансиска помош, ќе може да се покријат половина од парите. Потоа, има компании кои се со нула приход – еве такви се угостителите. Тие ги пуштиле работниците дома, а согласно Законот за работни односи, во услови на виша сила, кога фирмите не работат, работодавачите треба да исплатат половина плата. Во угостителството платите се од 18.000 до 20.000 денари, што значи половина нето плата е од 9.000 до 10.000 денари. Со 14.500 денари може да се покрие половина бруто плата од 9.000 денари, или малку да се додаде за платата од 10.000 денари – рече Ангеловска.

Субвенционирањето на придонеси веќе нема логика

На сила е и Уредбата за субвенционирање на придонеси од првиот пакет мерки со кои на осигуреникот му се субвенционира половина износ од придонесите за април, мај и јуни, но најмногу до 50 отсто од износот на  придонесите платени за просечната бруто плата во државата во април, во мај и во јуни. Фирмите треба да бираат меѓу оваа мерка и финансиската помош по работник.

Финансиската помош од 14.500 денари е за два месеци, а субвенционирањето на придонесите за три месеци, додека условот и за едните и за другите е фирмата да има намалени приходи од 30 отсто. Но, пресметките покажуваат дека со финансиска поддршка од 14.500 денари може да се земат многу повеќе пари, па логично се наметнува прашањето зошто мерката за придонеси се уште постои.

Во април, мај и јуни, повеќе од јасно е дека просечната бруто плата ќе биде помала од онаа за која Државниот завод за статистика има податоци. Но, и според последните податоци за јануари, просечната бруто плата е 41.087 денари, што значи дека придонесите се 11.500 денари, па најголем износ по работник може да биде 5.750 денари, или за три месеци 17.250 денари. Финансиската поддршка од 14.500 денари месечно, за два месеца значи помош од 29.000 денари по работник.

Кои фирми и занаетчии важат за загрозени?

За да користат по 14.500 денари за работниците, компаниите, како и самостојни вршители на дејност (занаетчии, трговци-поединци) треба да имаат намалени приходи за најмалку 30 отсто. Мерката не важи во фирмите во кои нето-платите на 10 отсто од вработените надминуваат 120.000 денари. Помошта може да ја користат независно од искажаниот финансиски резултат за претходната година, но не смеат да се делат дивиденди додека траат мерките.

Што се однесува пак, до Уредбата за финансиска подршка на самостојните вршители на дејност, таму пишува дека физичко лице (фризер, пекар….) не може да оствари помош ако минатата година имало вкупен нето доход пред оданочување поголем од 478.000 денари.

The post Како засега изгледа пакетот економски мерки: Помошта од 14.500 денари е за да секој добие плата appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....