11.8 C
Скопје
22:51 - 3 мај, 2024

Каде е носењето маска препорака, а каде наредба: Државите имаат различни правила, но ист проблем

Во педесетина земји носењето на маски е задолжително секаде во јавноста, други држави бараат од жителите да ги носат само во одредени зони, а во некои земји постои препорака за нивно носење, но не и обврска.

Австријците ги носат маските и во продавниците и во јавниот превоз, додека француските власти само препорачале на жителите да ги користат, а тоа предизвикало нивни недостиг.

Во американскиот град Стилвотер, во сојузната држава Оклахома, градоначалникот морал да ја повлече наредбата за граѓаните да носат маски во продавници, бидејќи купувачите го доживеале тоа како напад на својата слобода и почнале да се закануваат на продавачите.

epa08376036 People wait in line, some as long as four hours, to be tested for COVID19 at the Gotham Health Center in the Bronx, New York, USA, on 21 April 2020. New York, as well as many other states in the country, is trying to increase the number people being tested for the coronavirus as leaders work on determining safe plans for reopening the economy. EPA-EFE/JUSTIN LANE

Во Обединетите Арапски Емирати излез без маска на улица се казнува со 200 долари, а во Чад со 15 дена затвор.

Кина произведувала 50 отсто од глобалните потреби за хируршки маски, а кога станале појасни размерите на заразата од коронавирусот, земјата одлучила пред се да се погрижи за своите граѓани, наведуваат од француската фирма за заштитна опрема „Делта плус“.

Побарувачката на маски е станата толку голема што е дојдено до недостиг – од Италија преку Шпанија до Египет.

Носењето на маски стана вообичаено во поголемиот дел на источна Азија уште од епидемијата на САРС во 2002-2003 година. Маската стана секојдневен предмет.

Во Јапонија носењето на маски е вообичаено во зима и пролет како заштита од зарази за себе и други.

Фото: Profimedia

Во Европа маските се ретки и жителите немаат навика да ги носат – тоа се гледа и по тоа што многу Европејци ги носат на необичен начин, под брадата или со откриен нос.

Посебна недисциплина покажуваат некои азиски земји – во Ирак се случува купувачите кои излегуваат од продавницата да им ги даваат своите маски на оние кои се спремаат да влезат.

Голем проблем се цените на маските, напоменуваат агенциите.

Јужноафриканската фирма „Сикуро сејфти“ и „Ксенокс саплајс“ морале да им ја објаснат причината на тамошните трговски инспектори за зголемувањето на цените за дури 1.000 отсто.

Растот на цена предизвика и фалсификување на маските на пазарите, но и кражби од болничките залихи. Франција одреди дека максималната цена на маски може да биде 95 центи, а кај Италијанците таа цена изнесува 50 центи.

 

Мароканскиот крал одобри посебни субвенции, па во таа земја се продаваат за само осум центи. Во Израел власта морала да интервенира за цените на маските да бидат спуштени за две третини. Високите цени ги натераа многу држави на домашни изработки на маски од различен материјал.

Многу земји не знаат што да прават со искористените маски, па така често ги фрлаат во ѓубре. Француската компанија за рециклирање „Ситео Франс“ советува маските и ракавиците да се стават во цврста пластична вреќа.

Тие треба да бидат добро затворени, оставени преку ноќ и потоа следниот ден фрлени во канта за ѓубре. Надлежните служби потоа би требало да ги однесат да се запалат.

The post Каде е носењето маска препорака, а каде наредба: Државите имаат различни правила, но ист проблем appeared first on Слободен печат.


Каде е носењето маска препорака, а каде наредба: Државите имаат различни правила, но ист проблем was first posted on мај 19, 2020 at 1:08 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....