Тага во семејството на Мерима Његомир: Ќерката на покојната пејачка се огласи поради тажниот повод
Поминаа пет години откако почина легендарната српска пејачка Мерима Његомир, која остави зад себе безвременски хитови.
Мерима на денешен ден ќе наполнеше 73 години, а нејзината ќерка по овој повод се огласи со емотивни зборови.

Ќерката на пејачката Љубица сподели стара семејна фотографија и евоцираше спомени со мајка си.
– Денеска е твојот роденден, мамо. Постојат празнини кои никогаш не престануваат да болат. Научуваш да живееш со нив. Ми недостасуваш во секој ден, во секоја радост што би ја споделила со тебе. Среќен роденден, мајко моја. Засекогаш си моја мајка, моја љубов и дел од мене што никогаш нема да замине – напишала Љубица, ќерка на Мерима Његомир.
Да потсетиме, Љубица своевремено зборуваше за деталите од борбата на Мерима со ракот.
– Ни зборуваше дека живее за тоа да направи голем солистички концерт за 50 години од својата кариера. Не знам дали сакаше да нè утеши со тоа, но ни раскажуваше дека тоа е нејзина голема желба – рекла Љубица тогаш за „Стил“.
Таа открила дека нејзината мајка храбро ја поднела страшната вистина за својата болест.
– Таа знаела сè, лекарите в лице ѝ рекле дека ќе умре. Пред нас беше како карпа. А знам дека веројатно длабоко во себе се плашела – открила наследничката на Мерима Његомир.
