01:02 - 25 јули, 2026

Јон Фрчковски: Македонија има физички имот во државите од поранешна Југославија, но немаме имотни листови за тие објекти

Изградбата на станови за лица во социјален ризик е примарна дејност на АД, и ова како дејност се реализира. Факт е дека е предвидено изградба на нови 777 станови, така што тоа што го најави Заев е точно. Тоа е дел од владината програма која што ние треба да ја реализираме, изјави во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ Јон Фрчкоски, директор на правна служба во АД за Стопанисување со стамбен и деловен простор.

-Предвидени се 13 објекти во 13 градови во државата од кои два се започнати, а останатите се во различниа фаза. Оваа и наредната година најмногу ќе бидеме посветени на ова. Во 2109 имавме 100 отсто искористност на траншите на ЦЕБ, односно поволни кредити за изградба на ваков тип на објекти коишто претходно не беа пипнати. Постоеше и ризик да пропаднат истите. Факт е дека има определен број на деловнии едници пред се низ екс- Ју државите. Детектирани се и новите единици. Проблемот е што ова не зависи само од нас како АД- вели Фрчковски.

Треба на меѓувладино ниво, со меѓународни билатерални договори, вели Фрчковски, да се реши ова.

-Генерално ситуацијата е дека, дел сè уште стојат евидентиран на фирми кои што веќе не постојат, во процесот на приватизација исчезнале, дел се узурпирани од тамошно население и тепшко е да влезете во постапка да ги вратите.Битно е што во овој момент имаме детектирано дел од она што може да се детектира. Работиме на механизмот преку кој што ќе можеме тоа да го земеме во располагање. Дали да го стопанисуваме, издадеме, продадеме, размениме, кое и да биде решение најприфатливо за нашата држава. Мислам дека оваа приказна брзо ќе дојде и на меѓу-владино ниво- вели Фрчкоски.

The post Јон Фрчковски: Македонија има физички имот во државите од поранешна Југославија, но немаме имотни листови за тие објекти appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Дали ова ќе биде сон што ќе згасне? Марко Пејчиновски објави дека можеби ќе престане да плива

Еспресо

Шпанија ја посетиле рекордни 10 милиони туристи во мај, потрошиле 13,5 милијарди евра!

Еспресо

Дневен хороскоп за 17 јуни: Размислете добро пред да донесете одлука

E.A.

Пеколен крај на мај во Европа: Паѓаат рекорди, температурите одат и до 40 степени

Т.Ц.

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо
Се вчитува....