14.8 C
Скопје
09:51 - 17 мај, 2024

„Ја измисливте пандемијата за да продавате вакцини“- протести поради коронавирусот во Виена (ВИДЕО)

Противниците на рестриктивните мерки, кои ги воведе австриската влада кон средината на март со цел запирање на проширувањето на коронавирусот, попладнево одржаа протест во Виена и покрај забраната од полицијата.

Иницијативата „Информации за короната базирани на евиденција (ICI) пред неколку дена закажа протест, најавувајќи дека ќе поднесе тужба доколку се забрани одржувањето. Полицијата, бидејќи беа најавени само пет лица, не наметна забрана, па сè укажа на тоа дека може да се одржи првиот протест во моментот на пандемијата.

Меѓутоа, денеска полицијата соопшти дека е забрането да се протестира, заради соопштение дадено од (ICI), во кое се наведува дека се очекува присуство голем број на новинари, а тоа би  значело крешење на сите мерки за епидемијата.

На тоа реагираа организаторите, кои најавија дека наместо протест, ќе одржат прес-конференција пред музејот „Албертина“, истакнувајќи дека ќе се придржуваат кон сите мерки, како што е растојанието од најмалку еден метар.

Сепак, обраќањето до медиумите се претвори во протест, на кој не се почитуваа мерките донесени од Владата.

Говорниците се појавија како теоретичари на заговори, кои не веруваат во постоење на коронавирусот, истиот го поврзаа со пандемијата на Бил Гејтс и тврдат дека пандемијата е измислена со цел наметнување и продажба на вакцината.

Тие велат дека најдобро се гледа примерот на Шведска, каде тврдат дека населението се имунизирано од нормалното однесување. Тие исто така тврдеа дека смртноста кај коронавирусот е иста како и кај грипот и дека сите што починале од пандемија секако би починале.

Учесниците во протестот посочија, дека заради наводната здравствена закана на некои ризични групи, се укинува слобода на другите граѓани.

Полицијата ги предупреди граѓаните дека ги кршат мерките и ги повика да ги разотидат.

The post „Ја измисливте пандемијата за да продавате вакцини“- протести поради коронавирусот во Виена (ВИДЕО) appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....